Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје за 2023

Упорноста и резултатите секогаш носат успеси, а во полето на спортот истото има значително значење. 

Денес, 22.12.2023 (петок), во Кино Фросина во МКЦ, се одржа свеченото доделување на наградите „Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“ од страна на Град Скопје и Сојуз на Спортови на Скопје.

Најуспешните беа наградени согласно различните утврдени категории во склоп на донесената одлука од страна на Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје и доделување на награди и признанија за 2023 година.

Во категоријата Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), наградени се 1. Силвио Мировски (Кик бокс клуб Гладијатор - 2. м Европско првенство Кик бокс), 2. Витомир Трајковски (Карате клуб Макпетрол - 3 м. Балканијада 3 м. Европско првенство, 1 м. Универзијада), 3. Калин Ивановски (Тениски клуб Југ пласман во 1/4 на АТП челинџер 100 Иаси, Романија), 4. Стефан Стојановиќ (Карате клуб Макпетрол - 3 место Балканијада), 5. Бесир Алили (Боречки клуб Лирија - 5 м. Европско Првенство), 6. Ива Богдановска (Џудо клуб Миоки - 3 место Балканијада, 9м Европско Првенство), 7. Георгина Блажеска (Џудо клуб Миоки - 3 место Балканијада), 8. Јована Мицовска (Карате клуб Макпетрол - 3 место Балканијада), 9. Иван Галевски (Ракометен клуб Алкалоид), 10. Никола Ѓуретановиќ (Пливачки клуб Вардар 2018 - 6 место на Централно Европски Игри).

Во категоријата Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), наградени се 1. Бобан Илиоски (Кик Бокс клуб Шампион - Светски Шампион во кик бокс – Лоу кик до 86 кг), 2. Мери Акиевска (Бодибилдинг/фитнес клуб Магнус - Светска Шампионка во Бодибилдинг – Велнес до 158 цм), 3. Игор Стефановски - Иџе (Авто Мото клуб АКК Стефановски - Европски Шампион во ридски патеки), 4. Дејан Георгиевски (Таеквондо клуб Бутел - Трето место, Европски Олимписки Игри Полска. Во Опен Г-1 има освоено 2 златни, три сребрени и еден бронзен медал), 5. Ахмад Магомедов (Боречки клуб Студеничани - 3 место Европско првенство во Борење слободен стил категорија до 79кг), 6. Дарио Ивановски (Маратон клуб Корранерс - Нов рекорд во Маратон Валенсија 02.11.53, Балкански шампион во Полумаратон), 7. Лина Ѓорчевска (Тениски клуб ЈУГ - 1.место W40), 8. Андреас Трајковски (Атлетски клуб Работнички - Скок во далечина- нов рекорд 7.91 метар, 3 место на Балканско првенство во скок во далечина одржан во Краљево, Србија), 9. Патар Заборски (Карате клуб Макпетрол - 3 место екипно Медитеранско првенство, 3 место Балканијада, 1 место Универзијада, 3 место светска лига), 10. Петар Спасеновски (Карате клуб Макпетрол - 3 место Универзијада, 1 место екипно, 5 место на Медитерански).

Во категоријата Најуспешна спортска екипа од Скопје наградата е доделена на 1. Специјална Олимпијада (за високи резултати освоени во Бадминтон, Пливање и Атлетика со повеќе спортисти, Јане Никодиновски, Стефан Трпковски, Марио Мицовски и Јулијана Петровска на Летни светски олимписки игри во Берлин 17-25.06.2023 година).

Во категоријата Најуспешен тренер награден е 1. Дејан Митровски (Кикбокс клуб Шампион, Фитнес Клуб Магнус за двајца светски шампиони во два спорта).

Оваа година, во категоријата, Најуспешен спортист - странец кој настапува во екипа од Скопје, поради немање високи резултати од странските играчи, кои Настапуваат за скопски клубови, не е доделена награда.

Од македонските спортисти, за Најуспешен спортист со награда се здоби 1. Андреј Стојаноски (Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела Вода - 6 место на Светско првенство 50 м градно и 6 место на Светско првенство 400 м мешано во Буенос Аирес).

Покрај признанијата, на добитниците, спортистите и трененерот, им беше доделена и парична награда со вкупен фонд од 185.000 денари.

Град Скопје и Сојуз на спортови на Скопје

На Борис Џонсон не му дозволиле да гласа без лична карта, самиот тој го вовел овој закон

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој ја воведе контроверзната обврска гласачите да приложат лична карта со фотографија при гласањето, вчера беше отстранет од гласачкото место бидејќи заборавил да си ја донесе.

Британските медиуми објавија дека Џонсон, кој се повлече од функцијата во 2022 година по скандалот со локдаун забавите, првично бил одбиен на избирачко место во Оксфордшир, јужна Англија, додека се обидувал да гласа на локалните избори одржани низ Англија.

Неговиот портпарол рече дека Џонсон гласал за конзервативците, не оспорувајќи дека поранешниот премиер првично не носел лична карта со фотографија.

Во 2022 година, владата на Џонсон воведе барање за лична карта на гласачките места за да се спречи можната изборна измама, а владата тогаш беше жестоко критикувана за потенцијалот да ги обесправи деловите од електоратот.

Претходно, гласачите требаше да го наведат само своето име и адреса за да гласаат.

„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што првпат гласаат да покажат некаков доказ за идентитет“, рече Џонсон за новите правила од 2021 година.

Минатата година, при првото гласање со спроведување на новите правила, на околу 14.000 луѓе во Англија им била ускратена можноста да гласаат на локалните избори, бидејќи не приложиле лична карта.

Ова е само последниот инцидент во шарената политичка кариера на Џонсон.

Како градоначалник на Лондон, тој еднаш беше оставен да лебди во воздух од зип-лајн, а како премиер беше снимен како се повлекува во голем ладилник додека новинарската екипа бараше интервју.

Анкетата на YouGov покажа дека 14 отсто од Британците сè уште не знаеле, во деновите пред вчерашните избори, дека има правило за задолжително носење лична карта за гласачите.

Емили Ратајковски во „жежок“ фустан на црвениот тепих

Емили Ратајковски присуствуваше на настанот на глобалната гала The King's Trust одржан во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги заврте главите со храбар фустан.

Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој стигнуваше речиси до папокот и кој ја истакнуваше нејзината витка линија. Фустанот имаше и гол грб.

Глобалната гала „The King's Trust 2024“ е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, свечениот настан собра многу познати фаци, како манекенката Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз манекенката Ешли Греам.

УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми

Новинарите кои известуваат за еколошки прашања се соочуваат со зголемено насилство ширум светот од страна на државните и приватните актери, објави УНЕСКО, истакнувајќи дека 44 од тие новинари биле убиени меѓу 2009 и 2023 година.

Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади.

УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, апсења и малтретирање, како и правни дејствија против новинари, вклучувајќи тужби за клевета и кривични постапки.

Најмалку 749 новинари, новинарски групи и медиумски куќи биле нападнати во 89 земји во сите региони, се вели во извештајот, при што државните актери се одговорни за најмалку половина, а приватните актери најмалку за една четвртина.

„Државните актери, полицијата, воените сили, државните службеници и вработени, локалните власти се одговорни за повеќето напади за кои се достапни информации за сторителите“, се вели во извештајот.

Овие новинари покриваа широк спектар на теми, вклучувајќи протести, конфликти за рударство и земјиште, сеча и уништување на шумите, екстремни временски услови, загадување и еколошка штета и индустријата за фосилни горива.

Мажите обично се почесто напаѓани, а жените почесто дигитално, се вели во извештајот.

Од 44 новинари убиени во 15 земји додека известувале за еколошки прашања, само пет случаи резултирале со пресуди, се вели во извештајот. Во 19 од 44 убиства, сторителите останале неидентификувани.

Најмалку 24 новинари ги преживеале обидите за атентат.

притисни ентер