Италијанскиот претседател остро му одговори на Маск на неговите критики за мигрантите

Италијанскиот претседател Серџо Матарела му одговори на мултимилијардерот Илон Маск, кој ја критикуваше одлуката на италијанскиот суд.

Маск вчера на X напиша дека „овие судии мора да си одат“, мислејќи на најновата пресуда на италијанскиот суд, со која уште еднаш се закани со спроведувањето на италијанскиот договор за мигрантите со Албанија. „Ова е неприфатливо. Дали луѓето во Италија живеат во демократија или одлуките се носат од неизбрана автократија?“ праша Маск.

Судот во Италија пресуди седуммина мигранти кои беа префрлени во центар за баратели на азил во Албанија да мора да бидат вратени во Италија, што беше нов удар на договорот што италијанската премиерка Џорџија Мелони го постигна со нејзиниот албански колега Еди Рама, пренесе ABC News.

Мажите од Египет и Бангладеш беа собрани во Медитеранот минатата недела од италијанската морнарица, а потоа однесени во Албанија за да ги процесуираат нивните барања за азил.

Матарела директно не го спомна Маск, но јасно стави до знаење дека се мисли на него. Тој побара почитување на суверенитетот на Италија, особено од идните јавни функционери. Да потсетиме дека Трамп вчера објави дека Маск ќе игра важна улога во неговата администрација.

„Италија е голема демократска земја и знае како да се грижи за себе почитувајќи го нејзиниот устав. Секој, особено ако, како што е најавено, ќе преземе важна улога во владата на пријателска и сојузничка земја, мора да го почитува нејзиниот суверенитет и не може да си припише задача да пропишува решенија“, изјави Матарела.

Маск ја поддржува Мелони и се сретна со неа неколку пати во Рим, а во септември ѝ се придружи на церемонијата на доделување награди на маргините на Генералното собрание на ОН. Последната одлука на судот ја налути италијанската влада, која бара стратегија за намалување на мигрантскиот притисок.

Патрушев: Русија го засилува присуството во Касписко Море за да го ограничи присуство на НАТО

Каспиското Море е уникатно водно тело, кое не само што има ресурси на нафта и гас, добар транзитен потенцијал, туку и поволна воено-стратешка позиција што овозможува да се обезбеди безбедност во Централна Азија, Кавказ и Блискиот Исток. 

Помошникот на рускиот претседател и претседателот на Поморски колегиум, Николај Патрушев изјави дека военото присуство на Русија во Касписко Море овозможува да се ограничат обидите на некои крајбрежни држави да ги отворат своите води за воените поморски сили на трети земји, пред сè на САД и членките на НАТО.

- Каспиското Море е уникатно водно тело, кое не само што има ресурси на нафта и гас, добар транзитен потенцијал, туку и поволна воено-стратешка позиција што овозможува да се обезбеди безбедност во Централна Азија, Кавказ и Блискиот Исток. Проширувањето на соработката помеѓу Русија, земјите од Јужен Кавказ, Централна Азија и намерата на касписките држави да ги решат регионалните проблеми предизвикуваат незадоволство на колективниот Запад, наведе Патрушев.

Како што јавија руските медиуми, тој истакна дека САД и Европска Унија се обидуваат да ги заострат односите помеѓу тие држави, да ги намалат нивните политички и трговски врски.

Во такви услови, прашањето за развој на каспискиот регион треба да се решава сеопфатно, потенцира Патрушев.

СДСМ: Бомбите и криминалните пресметки станаа секојдневие

Фрчат екплозии од бомби, криминалните пресметки станаа секојдневие, а улиците се небезбедни.

Неспособноста на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски сериозно ја наруши состојбата со безбедносна на граѓаните, реагираат од СДСМ по информацијата за најновиот напад врз Штакли.

Само во еден месец, октомври, за неполн месец, пет инциденти со пукање и огнено оружје, реагираат од СДСМ.

Леао: Не сакам да седам на клупата, но Фонсека носи одлуки

Не сакам да седам на клупата, но Фонсека носи одлуки и јас како играч морам да го почитувам.

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао проговори за односите со тренерот на Милан, Пауло Фонсека.

Во саботата, крилниот напаѓач ја прекина серијата од десет натпревари без гол за „Росонерите“ постигнувајќи гол во ремито (3:3) со Каљари. Португалецот нема стандардно место во стартниот состав.

-Ова се случува во текот на сезоната, немам ништо против него [Фонсека], исто како што тренерот нема ништо против мене. Прашањето е решено. Не сакам да седам на клупата, но тој носи одлуки и јас како играч морам да го почитувам. И кога ќе излезам на теренот давам се што имам за да му помогнам на тимот, изјави Леао.

Милан на23 ноември ќе се соочи со Јувентус во дербито на 13. коло од Серија А.

притисни ентер