Италија побарува милиони воена отштета од Германија за извршен масакр од нацистите

Апелациониот суд во градот Аквила, во италијанската област Абруцо, денеска пресуди дека Германија мора да плати отштета од четири милиони евра на 30 роднини на жртвите од масакрот во градот Пјетранзиери во Втората светска војна.

Во 2017 година, судот донесе одлука со која на Германија ѝ наложи да плати отштета од милион и 600 илјади евра на општината Рокарасо, на која ѝ припаѓа градот Пјентрансиери, пишува Анса.

Во ноември 1943 година, нацистички војници масакрирале 128 невооружени италијански цивили во блиската шума Лимарија под сомнение дека ги поддржуваат партизаните.

Меѓу убиените цивили имало 60 жени, 34 деца помлади од 10 години, како и неколку постари лица.

Собрани рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп

 Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, а за неговата инаугурација се собрани значително повеќе средства отколку за инаугурацијата на актуелниот претседател Џо Бајден.

Големи корпорации како Тојота, Форд, Џенерал Моторс, Амазон, Мета, ОпенАИ донираа по еден милион долари, а Убер два милиони долари. Форд и Џенерал Моторс ветија дека ќе обезбедат и возила за овој настан.

„Седумцифрени чекови“, според „Волстрит журнал“, биле донирани од Еј-ти-ен-ти (AT&T), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Стенли Блек енд Декер (Stanley Black & Decker), Интуит (Intuit), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Прат Индустрис (Pratt Industries) и групата Фарма (The PhRMA Group).

Донациите доаѓаат и од банки како Benk of Amerika i Golden Saks, како и платформите за размена на криптовалути Kraken и Coinbase.

Некои компании, кои порано се дистанцираа од Трамп по нападот на Капитол на 6 јануари 2021, сега го поддржуваат. Според информативниот портал Аксиос, ова може да биде обид за „додворување“ со цел подобрување на односите со новиот претседател.

Украинската армија собори 20 руски дронови

 Украинската армија соопшти дека синоќа соборила 20 руски беспилотни летала.

Руската армија истрелала 31 дрон врз украинска територија.

- Единаесет дронови лансирани од руските сили не стигнаа до целта благодарение на активните акции на украинската противвоздушна одбрана, соопшти армијата.

ДЗР ги објави ревизорските извештаи за Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки)

Ова се дел од клучните утврдени состојби дадени во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки) од страна на Државниот завод за ревизија. 

Отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 % од бруто домашниот производ на Буџетот на Република Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3% од БДП, односно извршено е намалување на одобрениот Буџет за Судска власт за износ од 89.906 илјади денари.

Ова се дел од клучните утврдени состојби дадени во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки) од страна на Државниот завод за ревизија.

ДЗР во извештајот во клучните состојби посочува и на различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, предизвикува дилеми и неможност за постапување поради што е неопходно усогласување на истите. Се укажува и на тоа дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити и на неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.

- Во делот на внатрешните контроли укажуваме дека не е донесена процедура за движење на документацијата и не е воспоставен систем за следење и контрола на сметководствената документација со јасно дефинирани и разграничени надлежности и одговорности, стои меѓу другото во ревизорскиот извештај.

Државниот завод за ревизија во објавените конечни ревизорски извештаи на Основниот кривичен суд Скопје (3 сметки) се осврнува и на, како што стои, системски слабости, меѓу кои отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на правото на користење на старата зграда на судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција поради неизвршено примопредавање на истите. Понатаму се вели дека пописот не e спроведен согласно законската регулатива, ненавремено евидентирање на обврски, невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите. Во ревизорскиот извештај стои дека Комисијата за преглед на севкупното работење не извршила целосен преглед на средствата за депозитите за 2023 година, и не е спроведен надзор на севкупното финансиско и материјално работење.

- Евиденција на судски депозити кои не се гаранции туку уплати по друг основ за кои судот нема податоци за основ на истите, како и отсуство на податоци за статусот на предметите на судските депозити, завршени /незавршени, се наведува во ревизорскиот извештај од ДЗР.

притисни ентер