Исланд и Чешка изборија пласман на ЕУРО 2016

Репрезентациите на Исланд и на Чешка изборија пласман на ЕУРО 2016 откако по синоќешните натпревари од 8.коло создадоа недостижна предност за конкурентите во групата А.

За селекцијата на Исланд ова е дебитантски настап на Европско првенство.

Пласман на ЕУРО 2016 досега има обезбедено и селекцијата на Англија, како и домаќинот Франција.

Големи шанси за пласман има и лидерот од Б групата селекцијата на Велс.

Резултати и табели по 8.коло:

А група: Летонија – Чешка 1:2, Турција – Холандија 3:0, Исланд – Казахстан 0:0.
Табела: Исланд 19 бодови, Чешка 19, Турција 12, Холандија 10, Летонија 4, Казахстан 2.

Б група: Велс – изреал 0:0, Босна и Херцеговина – Андора 3:0, Кипар – Белгија 0:1.
Табела: Велс 18, Белгија 17, Изреал 13, БиХ 11, Кипар 9, Андора 0.

Х група: Малта – Азербејџан 2:2, Норвешка – Хрватска 2:0, Италија – Бугарија 1:0.
Табела: Италија 18, Норвешка 16, Хрватска 15, Бугарија 8, Азербејџан 6, малта 2.

Денеска се играат натпревари во три групи:

Д група: Полска – Гибралтар, Република Ирска – Грузија, Шкотска – Германија (Д група);
Ф група: Финска – Фарски Острови, Северна Ирска – Унгарија, Романија – Грција;
И група: Ерменија – Данска и Албанија – Португалија.

Тинејџер добил тешки изгореници од струен удар, додека го полнел мобилниот (ФОТО)

Рејес Огдал (16) е тешко повреден во бизарна несреќа што се случила во неговиот дом во Оклахома.

Тинејџерот завршил во болница со тешки изгореници, а неговата мајка Даниел Дејвис ги раскажала деталите од немилиот настан.

Таа наведува дека Рејес лежел во кревет кога телефонот му паднал на подот. Уредот бил на полнач, па сакал да се увери дека сѐ е во ред.

„Тој сакаше да провери дали батеријата сè уште се полни, а потоа ланчето што го носеше околу вратот дојде во контакт со незаштитена жица од штекерот“, објаснила Даниел.

Мајката додава дека спиела кога ја разбудил лелекот на нејзиниот син, пренесува LadBible.

„Ме викаше, па истрчав во ходникот. Тој рече: „Ме удри струја“, а видов страшни изгореници на вратот. Целата куќа мирисаше на изгорена коса и кожа“.

Рејес цело време бил свесен, а лекарите констатирале тешки повреди околу вратот, поточно изгореници од втор, трет и четврти степен.

„Можевме да го видиме белегот на ланчето на кожата. Доживотно ќе остане со лузни“, изјавила неговата мајка.

Таа додава дека му е благодарна на Бога што Рејес е добро.

„Можеше да умре таа ноќ. Кога станува збор за телефоните, нема порака или известување што е толку важно што лежи покрај вас во креветот. Сè може да се случи и мојот син е доказ за тоа“, заклучи таа.

Требало да се затвори училиште во Франција, поради мал број ученици- запишале четири овци

Поради недостиг на ученици и најавеното затворање на една паралелка во училиште во департманот Мозел во североисточна Франција, родители на ученици поднеле барања за упис на четири овци за следната учебна година, објавија локалните медиуми.

Како што пренесува локалниот весник Republiken de Lorraine, овој потег на родителите бил оригинален начин на протест против најавеното затворање на паралелка во ова училиште, пренесува порталот BFM TV.

Родителите пополнувале пријави за секој нов четвороножен ученик, со датум на раѓање и имиња на родители и ги доставиле до надлежната општинска служба и француското Министерство за образование.

Во апликациите биле споменати четири имиња: Џон Дир, Маргерит Диперс, Фил Тенди и Валеријан Дешан, кои се поврзуваат со секојдневниот живот на овците.

Во меѓувреме, е објавена градска уредба со која се повикува на „грижа за квалитетот на наставата“ и се бара „на учениците со посебни потреби да им се дозволи да останат во училишниот двор“.

Во Швајцарија е пронајдено ремек дело на Микеланџело, помала верзија на „Страшниот суд“

Во Женева е пронајдено единственото масло на платно направено од Микеланџело, а тоа е помала верзија на „Страшниот суд“ што може да се види во Сикстинската капела, соопшти денеска Амел Оливарес, специјалист за ренесансна уметност.

Женевскиот „Страшен суд“ го проучувал Оливарес осум години, заедно со конзерваторот Хозе Мануел дел Рио Караско, пред да дојдат до заклучок дека делото му припаѓа на Микеланџело.

Оваа слика се сметала за изгубена повеќе од 100 години, а истражувачите веруваат дека Микеланџело ја подарил на сликарот Алесандро Алори, кој ја искористил како инспирација за олтарните дела во базиликата Сантисима во Фиренца.

На сликата може да се види Христос, како и други фигури од „Судот“ во Сикстинската капела, додека димензиите се 96,52 на 81,28 сантиметри, пренесува Анса.

Се верува дека едно од лицата на сликата е на Микеланџело, но е претставено како помладо од она што го знаат историчарите на уметност.

Истражувачите истакнаа дека Христос е насликан без брада, исто како и на фреската во Систинската капела, а фигурите се нецелосни или како изгледаат скици.

Според Оливарес, ова дело укажува дека Микеланџело ја научил техниката на сликање масло од сликарот Себастиано дел Пиомбо.

Детален опис на „Страшниот суд“ во Женева е пронајден во Државниот архив во Фиренца во 1792 година, во документите се поврзани со списокот на мебел и уметнички дела во сопственост на фирентинскиот маркиз Донато Гуадањо.

притисни ентер