Ирачкиот премиер: Го убивме главниот командант на Исламската држава

Премиерот на Ирак, Мохамед Шија Ал Судани денеска соопшти дека главниот командант на ИСИС (Исламска држава) во Ирак е убиен.

Според него, самопрогласениот гувернер на Ирак и уште осум терористи биле убиени за време на антитерористичка операција во планините Хамрин во североисточниот дел на Ирак.

„Нема место за терористите во Ирак и ние ќе ги гониме до нивните засолништа и ќе ги елиминираме додека земјата Ирак не се исчисти од нив и нивните грешни дела“, рече Ал-Судани.

ИСИС ја презеде контролата врз провинциите Мосул, Салах Ал-Дин и Ал-Анбар, како и делови од Дијала и Киркук во јуни 2014 година. Овие области беа повторно заземени во следните години. Поранешниот ирачки премиер Хајдер Ал-Абади прогласи победа над групата на 9 декември 2017 година.

Иако поминаа седум години откако ИСИС беше протеран од Ирак, групата продолжува да ги напаѓа руралните области во неколку провинции.

Се појавија нови снимки на севернокорејски војници во Русија, стигнале во базата (ВИДЕО)

На социјалните мрежи денеска се појавија нови видеа на кои наводно се гледаат севернокорејски војници кои дошле на обука во Русија.

Како што објави Киев пост, на снимката наводно се гледа пристигнувањето на севернокорејските војници во руската воена база во Сергеевка, на Далечниот исток.

Воената база Сергеевка се наоѓа на околу 200 километри од границата со Северна Кореја.

„Сојузниците пристигнаа од Северна Кореја. Се надеваме дека ова ќе стави крај на војната“, рече лицето кое го снимало видеото на јакутски јазик.

Ова е куќата во Сиетл, во која 15 годишник си го уби семејството- соседите шокирани (ВИДЕО)

Вчера се случил масакр во околината на Сиетл, во Фол Сити, за кој е осомничено 15-годишно момче.

Наводно го убил своето петчлено семејство - родителите и трите браќа и сестри, пишува Вашингтон Пост.

Едната сестра е тешко ранета, а осомничениот тинејџер без поголем отпор веднаш бил приведен во полициска станица.

Според медиумите, тешко ранетото девојче, кое било застрелано со два куршуми, успеало да побегне од куќата и да истрча кај соседите да побара помош. Полицијата набрзо добила повик.

На видеото кое се појави на социјалната мрежа Икс, порано Твитер, се гледа семејната куќа во која наводно се случил масакрот.

„Тоа е прилично убаво место, со низок криминал. Тоа е едно од оние населби каде што се оддалечувате од хаосот што доаѓа со голем град, доаѓате на мирно место, но најлошите работи можат да се случат насекаде - како што можете да видите“. изјави детективот Мајк Мелиса за Fall City.

Тој додаде дека децата се школувале дома и дека биле многу љубезни.

"Родителите мислеа дека ја прават вистинската работа со тоа што ги воспитуваат децата дома и ги штитат од вакви и слични работи, но сега ова се случи во нивниот дом. Не знам што да мислам", додал детективот.

Надзорникот Ден Шлотфелд во писмо до родителите рече дека „тој е свесен дека децата не оделе на училиште, но дека овој настан влијае на секој родител“.

Момчето осомничено дека го извршило делото било најстарото во семејството. Соседите велат дека семејството било повлечено, дека напорно работеле, ја средувале куќата, а децата си играле со сите во соседството и биле многу дружељубиви.

Велат дека малечките често им помагале на соседите околу некоја работа низ куќата.

Другите соседи велат дека виделе деца како пливаат, ловат риба и пловат по езерото на чиј брег се наоѓа куќата во која живееле.

„Оваа најмладата неодамна ми нацрта цртеж и ми го подари, се уште го чувам“, изјавила Лин.

Никој не се сомневал дека нивното маало ќе го потресе невидена трагедија. Во понеделникот околу 5 часот наутро одекнале истрели, а потоа телефонот на полицијата почнал непрекинато да ѕвони.

Популарна италијанска спортистка загина од риба

Популарната италијанска сурферка Џулија Манфрини (36) починала откако била нападната од риба-игла во водите околу островот Пулау Масокут во Индонезија.

Светските медиуми пишуваат дека додека бркала бран, Џулија била искасана од споменатата риба и ѝ направила рана од пет сантиметри. Успеала да повика двајца мажи на помош, итно била пренесена во болница, но не успеале да ја спасат.

- Одеднаш рибата скокна врз неа и ѝ ги прободе градите. Во болницата пристигнала без витални знаци - се наведува во соопштението.

Џорџо Манфрини, нејзиниот татко, им потврдил на своите пријатели дека рибата што ја нападнала неговата ќерка на левата страна била игла (или марлин), риба слична на сабјарка, тврди „Кориере дело спорт“.

Џулија беше шампионка во „сноубордкрос“, слалом и „сноуборд Биг Ер“.

притисни ентер