Инзаги: Требаше многу подобро да ја контролирме ситуацијата при водството со два гола

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се осврна на поразот од Милан (2:3) синоќа во финалето на италијанскиот Суперкуп.

- Пред сè, мора да му честитаме на Милан бидејќи не се откажаа и покрај тоа што загубија со два гола разлика. Кога резултатот стана 2:1, лесно ја губевме топката, иако требаше да ја контролираме ситуацијата, потоа имавме неколку шанси да го вратиме водството со два разлика, но нивниот голман имаше одлични одбрани. Тоа е болен пораз, но имаше болни порази низ годините и тимот секогаш се креваше. Одиме дома да ги излечиме нашите рани, имаме неколку нови повреди, но имаме шест натпревари за 18 дена, така што треба веднаш да се вратиме на вистинскиот пат, изјави Инзаги за „Sport Mediaset“.

Милан губеше со 0:2 во текот на натпреварот, но на крајот од натпреварот успеа да направи пресврт и да го освои Суперкупот на Италија по осми пат. /MИА

Ле Екип: Дешам ќе се повлече од француската репрезентација по СП 2026

Селекторот на Франција, Дидие Дешам планира да ја напушти функцијата по Светското првенство во 2026 година. 

Според „L'Equipe“, 56-годишниот стручњак денес ќе ја објави својата одлука за пензионирање по завршувањето на Мундијалот идната година.

Во квалификациите за СП 2026 година, Французите ќе играат во групата Д или Л, во зависност од натпреварите од Лигата на нации против Хрватска (20 и 23 март). Во случај на победа, триколорите ќе бидат во група со Украина, Исланд и Азербејџан, а во случај на пораз - со Чешка, Црна Гора, Фарски Острови и Гибралтар.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

Дешам е селектор на француската репрезентација од 2012 година. Под негово водство, тимот одигра 166 натпревари: 106 победи, 31 нерешени и 29 порази. Во 2018 година Французите го освоија Светското првенство, а во 2021 година - Лигата на нации./МИА

Градинката Пролет изградена по светски стандарди, прва по 50 години во општината

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека новата градинка Пролет која е прва по пет децении е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените.

-Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Горд сум што инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост е воспоставена во проектот на градба. Градинката ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености. Изградбата се одвиваше според предвидената динамика, брзо и непречено. Во месец март се надевам дека дечињата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе бидат згрижени во оваа предучилишна установа, рече Герасимовски.

Новата градинка Пролет има вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни и целосно е финансирана од Општина Центар во висина од околу 2.5 милиони евра.

Општина Центар

ЦУК: Вкупно 1.359 повици на 112 изминатото деноноќие, мостот на Вардар кај Башино Село затворен

Вкупно 1.359 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 се евидентирани изминатото деноноќие. 

Пожарникарите гаснеа пожари во урбани и населени места. Не се регистрирани пожари на отворен простор. Кога станува збор за проодност на патишта, мостот на реката Вардар кај Башино Село е затворен за секаков вид сообраќај, се потенцира во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од повиците на 112 изминатите 24 часа, како „реални“ биле категоризирани 54.38 отсто. Останатите 45.62 отсто биле за други потреби на граѓаните, што не се сметале за итни.

- Кон полиција биле упатени 69,64 отсто, кон Итната медицинска помош - 27,53 проценти, а кон пожарникарите - 1,62 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.

притисни ентер