Интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“

Во Националната опера и балет денеска ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“, во организација на Естрада Мултимедија Центар.

Како што е најавено, на настанот ќе учествуваат млади музичари од нашата држава, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Русија, Украина, Малта и Израел.

Натреварувачите ќе настапат прво во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале во кое ќе учествуваат сите оние кои ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, кое ќе биде составено од бендот на Тоше.

Герасимовски: 1500 пријавени пензионери на повикот за доделување еднократна парична помош

Општина Центар информира дека 1500 пензионери досега се имаат пријавено на јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00.

Општина Центар информира дека 1500 пензионери досега се имаат пријавено на јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека јавниот повик којшто се имплементира трета година по ред се одвива по принципот „прв дојден - прв услужен“, сѐ до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена.

„Еднократната финансиска поддршка ја доделуваме на граѓани кои имаат постојано живеалиште на територијата на Општина Центар и кои се приматели на старосна, семејна, инвалидска, социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) чиј износ не е повисок од 23.758,00 денари. Ги повикувам сите пензионери од Општина Центар кои ги исполнуваат условите да се пријават на повикот, со паричната помош помагаме во семејните трошоци во пресрет на новогодишните празници“, истакнува Герасимовски.

Јавниот повик трае до 29 ноември, односно додека финансиските средства предвидени за оваа намена не се исцрпат.

Заинтересираните граѓани треба да достават барање за доделување финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, за корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија – доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата – за примена пензија во последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2024 година), а за корисници на социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) – Потврда / Решение издадено од надлежниот Центар за социјална работа (ЦСР-Центар).

Барањето е достапно во Архива на Општина Центар-Скопје, барака 6 и на веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?p=23162. Потребната документација може да се достави секој работен ден од 09.00 до 14.00 часот.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка. На пензионерите во социјален ризик што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар ќе им изготви Решение за доделување на финансиска поддршка. Исплатата ќе се изврши директно на трансакциските сметки на барателите и ќе биде реализирана до крајот на тековната година.

Линк: https://www.centar.gov.mk/?p=23170

Со почит,

Општина Центар

Осум загинати и 39 спасени во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Самос

Според информациите од крајбрежната служба на Грција во спасувачката акција учествуваат патролни бродови и спасувачки брод, еден авион и еден хеликоптер, како и копнени сили.

Безживотните тела на осум лица, од кои шест деца и две жени биле извлечени од морскиот дел северно од грчкиот остров Самос во новата несреќа со мигранти кои се пренесувале со чамец, додека на копно биле откриени и спасени вкупно 39 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите од крајбрежната служба на Грција во спасувачката акција учествуваат патролни бродови и спасувачки брод, еден авион и еден хеликоптер, како и копнени сили.

Полицијата на копно открила 36 лица, тројца биле спасени од карпест дел на плажа, а од море биле извлечени осумте тела.

Засега, непознат е точниот број на лица кои се пренесувале во чамецот.

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Министерот за здравство, Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. 

Тој не спомена конкретни имиња.

- Верувам дека за кусо време ќе видите кои се тие. Не знам, не работам во полиција, ниту во обвинителства или судови. Ако ви треба таква информација, прашајте таму. Но, знам дека многу луѓе и често се движат таму, рече Таравари.

За прозивката во изјавите на лидерот на ДУИ испратени од Цирих деновиве, дека Вреди ги урива достигнувањата на Албанците кои се постигнати изминативе 22 години, Таравари посочи дека ДУИ не се занимава ниту со јазикот, ниту со знамето, туку со заштитата на имотот и најави некои функционери ќе понесат одговорност за нивното работење кога биле на власт.

– Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата, кога ќе го направат тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии, рече Таравари.

притисни ентер