Инфлацијата во Германија надмина 5 проценти, највисока во последните 29 години

Годишната инфлација во Германија надминала пет проценти во ноември, за прв пат по околу 29 години, покажале денеска податоците на Државниот завод за статистика.

Потрошувачките цени во Германија пораснале за 5,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година, објавил Дестатис во првата проценка.

Тие се зголемиле за 4,5 отсто во октомври.

Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) што се користи во ЕУ за да се овозможи споредување меѓу земјите покажува пораст на цените од 6,0 отсто во споредба со ноември минатата година.

Во споредба со октомври, потрошувачките цени во најголемата европска економија во ноември се лизнале за 0,2 отсто, покажуваат прелиминарните податоци на Дестатис.

Главниот двигател на инфлацијата во последните месеци бил наглиот раст на цените на енергијата во контекст на закрепнувањето на глобалната економија од кризата со корона.

Така, сметките за енергија во домаќинствата во ноември биле за 22,1 отсто повисоки во однос на истиот месец лани, покажуваат прелиминарните податоци.

Порастот на инфлацијата во Дестатис се припишува на растот на цените поврзани со недостигот на суровини и тесните грла во снабдувањето и воведувањето данок на CO2 на почетокот на годината.

Повисоката стапка на инфлација, исто така, ја одразува ниската споредбена основа во втората половина на 2020 година, кога владата привремено ја намалила стапката на данокот на додадена вредност за да ги поддржи трошоците во корона кризата. Од почетокот на годинава повторно се во сила редовните стапки на ДДВ.

Економистите очекуваат пониска стапка на инфлација од почетокот на следната година, бидејќи тој фактор ќе опадне.

Економските советници на владата во Берлин неодамна најавиле дека стапката на инфлација во 2022 година треба да падне на 2,6 отсто.

Трендовите на инфлација се важен показател за Европската централна банка (ЕЦБ) во креирањето на монетарната политика. 19-те земји од еврозоната кои ја користат заедничката европска валута, таргетираат годишна инфлација од два отсто, потсетува агенцијата ДПА.

Двајца загинати, 21 повреден во нападот со нож во кинеска болница

Две лица загинаа, а 21 се повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА.

Полицијата во округот Женксионг, во југозападната провинција Јунан, денеска соопшти дека маж од локално село ги извршил нападите со нож непосредно пред пладне.

Нема дополнителни информации за можните мотиви за нападот, ниту за идентитетот на жртвите.

Кинеските државни медиуми претходно објавија за 10 жртви, без да го прецизираат бројот на загинати и ранети.

На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо кружеа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

На други слики од местото на настанот се гледаат повредени жртви на земја. Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница.

Обвинителството отвори истрага за инцидентот, соопшти полицијата.

Си Џинпинг во 2-дневна посета на Белград, ќе биде пречекан од авиони МИГ-29

Со кинески знамиња и билборди со пораки за добредојде испишани на кинески јазик, Белград го пречекува кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вечерва пристигнува во дводневна посета на Србија.

Безмалку три и пол илјади полицајци се ангажирани за безбедноста на џинпинг, кој според најавите, доаѓа со 400 члена делегација.

Кинескиот лидер ќе го пречекаат и српските борбени авиони МИГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат.

За време на посетата на Србија Си Џинпинг со неговиот домаќин претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за широк спектар на теми - од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

На состаноците се очекува да бидат потпишани над 30 договори од различни сфери..

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер