Инаугуративна седница на ИППГ за поддршка на Кримската платформа

Денес во Собранието се одржа Првата седница на Интерпартиската парламентарна Група (ИППГ) за поддршка на Кримската платформа.

Седницата ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, кој воедно е иницијатор и претседател на ова неформално тело. Претседателот Гаши им се заблагодари на пратениците за поддршката на неговата иницијатива и им посака активна, посветена и продуктивна работа во Групата. „Денешнава седница и формирањето на оваа Група го приклучува Собранието кон гласноговорниците против руската агресија и испраќа моќна порака дека човековите слободи и права, владеењето на правото, меѓународно признатите граници и територијалниот интегритет мора да се почитувани и заштитени.“ – рече Гаши во своето обраќање.

На седницата се обрати и амбасдорката на Украина, Лариса Дир; потпретседателот на Собранието, Антнонио Милошоски, потпретседателот на Собранието, г. Јован Митревски и во име на потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска се обрати пратеникот, Павле Арсоски.

Амбасадорката Дир нагласи дека Украинците ја чувствуваат поддршката од Македонија, која високо се цени на сите нивоа на управување во Украина. Искажа благодарност за формирањето на ИППГ како додадена вредност на постојаните помош и поддршка која нашата држава ја дава на Украина, и во материјален и во политички и во дипломатски контекст.

Во своите обраќања говорителите ја подвлекоа отворената, непоколеблива и постојана поддршка на Македонија кон Украина за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет. Се согласија оваа ИППГ да се фокусира на неколку главни точки во својата работа и делување: консолидација на политиката на непризнавање на обидот за припојување на Крим; осуда за кршењето на човековите права, меѓународното хуманитарно право, заканите за животната средина, засилен мониторинг на спроведувањето на рестриктивните мерки и нивно доследно спроведување; потоа надзор и будност за секојдневното зголемување на безбедносните и хибридни закани; како и политика за обезбедување слобода на навигација и спречување на блокадата на транспортните коридори, соопштуваат од Собранието.

Борел: Блискиот Исток е на раб на целосен пожар

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел денеска предупреди дека целиот Блиски Исток е на „работ на целосен пожар кој, се чини, меѓународната заедница не е во состојба да го контролира“.

На годишнината од нападот на Хамас врз Израел и почетокот на војната во Газа, Борел рече дека „ситуацијата само се влошува“.

„Луѓето во регионот се понесигурни од кога било и паднаа во бескрајна спирала на насилство, омраза и одмазда“, објави Борел.

Тој рече дека ЕУ „жали и отфрла“ каква било ескалација на насилството на Блискиот Исток, вклучително и ракетниот оган на Хезболах, израелското бомбардирање на Либан, раселувањето на над еден милион Либанци и 60.000 Израелци, зголемените тензии поради иранските ракетни напади и „загрижувачките“ случувања на Западниот Брег.

Тој нагласи дека воените операции и оружјето меѓу сите страни нема „да му донесат иднина на народот на Израел или на народот на Палестина“. „Само политичко решение ќе донесе мир, безбедност и просперитет“, рече Борел.

Мурал на потпорен ѕид долг 120 метри крај реката Пена со порака за отпорност кон поплавите

Потпорниот ѕид изграден за спречување на лизгање на земјиштето во близина на ХЕЦ Пена, покрај тоа што обезбедува сигурност за возилата и пешаците, трансформиран е и во дело на уличната уметност.

Потпорниот ѕид изграден за спречување на лизгање на земјиштето во близина на ХЕЦ Пена, покрај тоа што обезбедува сигурност за возилата и пешаците, трансформиран е и во дело на уличната уметност, преку голем мурал кој пренесува порака за отпорност и единство во заедниците соочени со катастрофи.

Муралот е изработен како дел од серијата активности кои УНДП ќе ги спроведе за одбележување на меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13-ти октомври.

На претставувањето на муралот нацртан по целата должина на ѕидот долг 120 метри денеска присуствуваа Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Армен Григорјан и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

„Овој ѕид е одлично направен и обезбедува безбедно одвивање на сообраќајот и движење на граѓаните на Тетово кон Бањиче, популарна рекреативна дестинација. Но, беше сив и ние сакавме да го разубавиме, но и да испратиме значајна порака за отпорност и единство во заедниците соочени со ризик од катастрофи “, изјави Григорјан.

„Големо задоволство е да се биде тука со нашите партнери од УНДП, на презентацијата на овој мурал, во чија подготовка учествуваа и повеќе млади лица. Заедно спроведуваме значајни активности со кои сакаме во Полог да ја засилиме отпорноста кон поплавите и нашите заедници да ги направиме поотпорни на катастрофи“, рече Касами.

Инспирација за приказната претставена на муралот, уметниците најдоа во цртежите кои ги изработија учениците од повеќе основни училишта во Тетовско, на работилниците организирани од УНДП.

Ѕидот кој послужи како платно за уличните уметници е изграден во рамки на проектот за „Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот регион“, финансиран од Швајцарија, кој Програмата за развој на Обединетите нации го спроведува во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините во регионот, соопштуваат од УНДП.

Сите го исмеваат Маск, кој потскокнува на митингот на Трамп (ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и републиканскиот кандидат на овогодинешните претседателски избори го изведе Илон Маск на сцената за време на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија. 

Тоа е местото каде што имаше обид за атентат во средината на јули и беше полесно повреден.

Маск бил исклучително возбуден на митингот, а во еден момент почнал да скока. Така, набрзо стана ново меме на Твитер. Многумина на социјалните мрежи истакнуваат дека ова е „еден од најсрамните моменти во политиката“.

Еве ги најинтересните мемиња на Твитер.

притисни ентер