Американските медиуми објавуваат зошто годинава била толку напорна за милијардерот. Додека работел на развојот на новата Тесла 3 , работната недела му траела 120 часа. Тој самиот ја нарекол 2018 за најтешка и најболна година во кариерата.
,, Беше страшно” , вели милијардерот во интервју за Њујорк Тајмс. Дури кон крајот на октомври почанл да ги намалува работните часови на 80 до 90 неделно. Работи постојано , иако според Форбс има богатство од 20 милијарди долари.
Тој самиот вели дека работи толку многу зашто сака да ја спаси планетата Земја . Сака да произведе автомобили на електричен или друг погон , кои би ги замениле автомобилите на бензин или дизел , за да се спаси планетата од загадување и да се спречат ефектите од климатските промени.
,,Да . Тоа е многу важно за иднината на светот. Тоа е важно за целиот жив свет на Земјата. Тоа е поважно од политички партии , раси , вери , религии. Ако не го решиме проблемот со загадувањето , сите сме осудени на пропаст.” , рече Маск во интервјуто.