ИЈЗ: Изминатата недела 2.429 заболени од грип и четири смртни случаи

Во текот на изминатата недела (од 4 март до 10 март), регистрирани се четири смртни случаи од компликации од грип, од кои двајца од Скопје, и по еден од Охрид и Тетово, кои биле на возраст од 50 до 73 години.

Кај две лица е утврдена претходна хронична болест/и, односно постоење на коморбидитет. Кај сите починати лабораториски потврден е А(H1pdm) вирусот на грип, се наведува во извештајот што денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Во текот на изминатата недела во државава се пријавени 2.429 заболени од грип, што е за 9,3 отсто намалување споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.678 заболени.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 17.630, а регистрирани се 15 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од пет до 86 години. Кај 12 лица е утврден коморбидитет.

Најголем број заболени изминатата недела (1.553) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца од 243,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 28 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје (560), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кавадарци (601,8 на 100.000 жители).

Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.992 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,4 отсто од вкупниот број набавени вакцини.

Костадиновска Стојчевска од Пустец: Хероите како Гоце Делчев се нашиот патоказ кон Европа

Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа.

Денеска, на денот на неговата херојска смрт, во Пустец ја откривме бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев. Таа ќе биде вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава.

Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет.

Зборовите на Гоце Делчев и неговата визија дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија и од нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Ние никогаш не сме се откажале ниту ќе се откажеме од делото и визијата на македонските револуционери, на оние кои биле на вистинската страна на историјата и денес наша обврска е да останеме на нивната страна.

Да живее споменот на Гоце Делчев!, објави на ФБ министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

Украина објави снимка од купишта уништени руски тенкови: Пат до пеколот (ВИДЕО)

Украина објави видео на кое се гледаат 42 уништени руски тенкови и оклопни возила во источен Доњецк.

Таму се водат жестоки борби, пишува Newsweek.

Снимката од воздух ја објави украинското Министерство за одбрана. Видеото е снимено од 58 моторизирана бригада. „Патот до пеколот. Десетици руски тенкови и борбени возила се уништени на мал дел од линијата на фронтот во регионот на Доњецк“, соопшти Министерството.

Не е јасно кога точно е направена снимката. „Њузвик“ контактирал и со руското Министерство за одбрана, но немало никаков одговор.

Холандската платформа Орикс, која од самиот почеток ги следи воените загуби, тврди дека Русија изгубила 2.948 тенкови од почетокот на конфликтот. Исто така, Орикс има визуелна потврда за загубата на 797 украински тенкови.

Сиљановска-Давкова: Благодарност до Максим Димитриевски за поддршката за вториот круг

Претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност до Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка за вториот круг од претседателските избори.

Кандидатката за претседателка на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, по повод јавно изјавената поддршка од нејзиниот противкандидат од првиот круг, претседателот на партијата "Знам" и градоначалник на Куманов, Максим Димитриевски, за вториот круг од претседателските избори:

„Му благодарам на претеседателот на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски (@m_dimitievski), за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи. Не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен поттикнувачки и одговорен политички чекор“.

притисни ентер