Хотелот „Битола“ од објект за згрижување до објект за загриженост

Во овој век повеќе од нејасно е зошто пред очите на јавноста се распаѓа хотелот „Битола“ во овој град, и наместо објект за згрижување, стана објект за загриженост.

Првите хотели во Битола датираат од 1843 година за кои информации има во пишуваните документи оставени од патеписци кои престојувале во градот. Низ историјата хотелите исчезнувале поради предизвикан пожар, најголем дел настрадале со бомбардирањето на градот во Првата и Втората светска војна, а дел се срушени заради изградба на нови. Во овој век повеќе од нејасно е зошто пред очите на јавноста се распаѓа хотелот „Битола“ во овој град, и наместо објект за згрижување, стана објект за загриженост.

Хотелот е изграден во осумдесетите години на минатиот век со средства од издвојувања на пензионерите за станбена изградба. Станува збор за архитектонски решение со четири посебни влезови, летна сцена (денеска обрасната во трева) и паркинг. Во катастарската евиденција се води како сопственост на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, додека земјиштето на кое е изграден со вкупна површина од 5.500 квадратни метри, исто така е во државна сопственост. Државата е сопственик и на дворното место со површина од 3.594 квадратни метри.

Изграден на одлична локација, во Нова Битола, окружен со дрворед и мал парк, хотелот гледан оддалеку привлекува внимание и се уште успева да ја скрие својата грда слика која од ден на ден оваа цврста градба ја прави опасна за секого што е во негова непосредна близина, посебно за децата кои често љубопитно ѕиркаат во скршениот дворец. Повозрасните битолчани знаат дека објектот имал повеќе намени, најмногу го користеле пензионерите како пензионерски дом, но и како сместувачки објект за гости, туристи и спортисти кои спортските клубови од Битола ги сместувале додека ги бранеле боите на „Пелистер“. Во ресторанот и банкет салата се одржани неброени свадби, крштевки, слави и прослави, новогодишни вечери, осмомартовски забави...а сега, како што велат битолчани, хотелот повеќе не ниту хотел, ниту дом, распаднат е и тажен за гледање.

Од Здружението на пензионери од Битола сметаат дека овој објект не треба да се дораспадне, туку повторно да заживее.

- Хотелот-пензионерски дом е граден со средства од пензиите на пензионерите кои ги издвојувале за станбена изградба и затоа ние во повеќе наврати баравме од Владата и Фондот за ПИО, нашето Здруежение да го рестартира овој сместувачки капацитет. Здружението на пензионери од Битола е најголемо здружение во Македонија со повеќе од 19.000 членови-пензионери и има интерес да ја преземе сопственоста врз пензионерскиот дом хотел „Битола“ со што ќе ја ублажи големата побарувачка од сместувачки капацитети за пензионери. На досегашните барања да го преземеме објектот добивавме одговори дека Фондот за ПИО одлучил хотелот да го продаде. Првиот пат беше огласен за 700.000 евра, вториот пат за 800.000 евра, а на третиот оглас неговата вредност беше проценета на 2,7 милиони евра. Ако низ сите огласи немало интерес за откуп, тогаш логично е нам да ни се дозволи да им помогнеме на пензионерите. Овој објект единствено може да биде класичен пензионерски дом и затоа ќе бараме и од новиот менаџмент на Фондот за ПИО, хотелот „Битола“ да ни се отстапи во сопственост, вели Даница Петличкова, претседателка на Здружение на пензионери.

Хотел „Битола“ има(ше) 93 соби со 250 легла, од нив 34 еднокреветни, 42 двокреветни, 8 трикреветни, 4 четирикреветни соби, но и 6 апартмани, ресторан со кујна, бизнис ресторан, магацин, фоаје... Најголем дел од прозорците се искршени, вратите и паркетот откорнати, мебелот и опремата ги снема, а опасноста демне.

Новиот менаџмент на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување предводен од директорот Никола Мемов во првиот месец од мандатот изврши увид на хотелот во Битола и ја потврди желбата за зачувување на објектот, негова обнова и функционалност.

- Запознат сум со состојбите и иницијативите поврзани со хотелот и затоа одлучив лично да го видам објектот. Овластени проценители правеле проценки на вредноста на хотелот, но најверојатно е преценет и затоа немало кандидати за купување, истакна Мемов за време на посетата во Битола, уверен дека во наредниот период од три месеци Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе најде начин и средства за реконструкција на објектот се со цел да биде од полза на сите.

Во меѓувреме, интересот во Битола за сместување на пензионери во пензионерски дом не стивнува, а понудата е мала затоа што во јавната општинска установа Дом за стари лица „Сју Рајдер“ капацитетот е целосно исполнет, а листата на чекање долга. Во градот има неколку приватни пензионерски домови, што е добро, велат од Здружението на пензионери-Битола, но со реновирањето и рестартирањето на хотелот „Битола“ на долг рок ќе се реши овој проблем на градот и регионот..МИА.

Благодарност од В. Британија за испраќањето на телото на поранешниот премиер на Шкотска

Амбасадорот на Велика Британија во Македонија Марк Лосон изрази благодарност до македонската влада за поддршката во процесот на враќање на телото на екс премиерот на шкотска Алекс Салмонд,

Кој почина во Охрид за време на школата за лидери на претседателот Ѓорѓе Иванов.

„Задоволни сме што г-дин Салмонд се врати дома. Нашето најдлабоко сочувство останува со неговото семејство.”, напиша Лосон.

Телото на поранешниот шкотски премиер во петокот беше испратено во Велика Британија со приватен авион од аеродромот во Охрид, со највисоки почести и воена гарда во присуство на претставници на државата и дипломатскиот кор, а церемонијата беше пренесувана и на Би-Би-Си..

Салмонд почина ненадејно од срцев удар, откако имаше излагање на второто издание на форумот за културна дипломатија.

Лавови во зоолошка на Крим ја убиле жената што го чисти кафезот!!

Работничка во паркот Тајган Сафари на Крим била убиена од лавови откако влегла во нивниот кафез да го исчисти.

Во кафезот имало три лава, но работничката не ја заклучила внатрешната врата што би ја одвоила од нив, пренесе РИА Новости.

Властите покренаа кривична истрага за можно невнимание, но се уште не утврдиле дали е виновен работникот или управата на паркот.

Сопственикот на Тајган, Олег Зубков, ја идентификувал жртвата како главен чувар на паркот - Леокадија Перевалова.

Тој рече дека Перевалова била „душата на паркот“ која таму работела 17 години.

„За жал, кога пристигнав, не можев да направам ништо за да помогнам. Лавовите се врвни предатори и не простуваат грешки“, истакна Зубков и додаде дека никој од другите вработени не бил присутен во моментот на нападот.

Паркот Тајган се наоѓа во Белогорск, на околу 35 километри источно од Симферопол, главниот град на Крим.

Има околу 60 лавови на површина од повеќе од 30 хектари. Високите огради им овозможуваат на посетителите да гледаат како лавовите слободно талкаат.

Галант: Хезболах пропаѓа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Израел го „победува Хезболах“ и „го уништува во сите села долж границата“.

Целта, според Галант, е „целосно да се расчисти областа“ за да им се овозможи на заедниците во северен Израел да се вратат во своите домови и да ги „обноват своите животи“.

Тој додаде дека „Хезболах е во колапс“ додека израелските сили го напаѓаат во Бејрут, Набатие, Тир и други места.

Израелската армија речиси целосно уништи неколку села во јужен Либан, срамнувајќи ги со земја нивните домови и џамии, соопштија локални безбедносни извори.

Војската го разнесе градот Рамија во близина на Бинт Џбеил во пограничната област.

притисни ентер