ПМФЛ: Силекс го победи актуелниот шампион, Вардар поразен и од Беса

Екипата на Силекс го совлада актуелниот шампион, Струга Трим Љум со 1-4 (0-0) на гостувањето во дуел од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. 

Тимот на Александар Васоски во второто полувреме прикажа одлична игра и дури четири пати ја затресе мрежата на домашниот тим.

Алиќ во 61. минута го отвори мечот за водство на Силекс од 1-0, Радиќ во 75. минута го изедначи резултатот.

Осум минути подоцна Маронг го врати водството на Силекс, а во 85. минута Игнатов реализираше за предност на кратовскиот тим од 3-1, Ѓорѓиевски во судиското продолжение ги постави конечните 4-1.

Кратовскиот тим сега е на третата позиција со вкупно 17 бода, додека Струга останува останува на 15 бода, доволни за петтото место на табелата.

Екипата на Вардар остана претпоследен на табелата откако го загуби натпреварот со Беса во Добридол со 2-1.

Есати во првиот дел ги доведе домаќините во водство кое беше актуелно се до 73. минута кога Омерагиќ погоди за изедначување. Сепак, Фетаи само четири минути подоцна го постигна победничкиот гол за Беса.

Резултати од 10. коло:

Брера – Воска 1-1

Беса – Вардар 2-1

Пелистер – Шкупи 0-0

Работнички – Гостивар 1-0

Струга – Силекс – 1-4

Тиквеш – Шкендија 0-0.

Фото: Екс манекенка непрепознатлива по бројните пластични операции

Поранешната манекенка 46 годишната Кејти Прајс признала дека толку многу се променила во последните години што веќе не ја препознаваат ниту безбедносните уреди на аеродромот.

Таа неодамна го направиЛА своето шесто„затегнување и сервисирање“ на лицето во Турција и иако многумина мислат дека завршила со пластичните операции и естетските зафати, таа има други планови и не се грижи за критиките што редовно ги добива.

"Не знам како изгледам, ни скенерот за пасоши веќе не ме препознава. Фотографијата во пасошот е направена пред многу години", открила Кејти на која ова прилично и пречело и не е љубител на модерното технологија.

На последната операција на лицето направена во Турција наводно потрошила речиси 15.000 долари, а познато е дека ги оперирала градите дури 17 пати за да биде „сопственичка на најголемите гради во Британија“.

Поради операциите таа често е обвинета дека се „уништила“.

Фото: Легендарен топ модел во секси издание!!

Откако се прошета по модната писта на ревијата на Викторија Сикрет во Њујорк, топ моделот бразилската манекенка Алесандра Амбросио избрала аутфит за забавата по ревијата  за кој се зборува со денови по настанот.

На „афтерпарти“ забавата во Њујорк, Амбросио воодушеви со супер секси издание , со кое не се двоумеше да го покаже своето тело во „секси гол“ фустан на Долче и Габана.

Црниот фустан имаше длабоко деколте, додека проѕирниот корсет беше нагласен со кројот. Под проѕирниот фустан Амбросио носеше црн градник од тантела и гаќички.

Манекенката продолжи да додава повеќе гламур во целосно црниот ансамбл со крзнена јакна, која ја префрли преку рамениците.

43-годишната убавица го заокружи изгледот со црни штикли со прерамки.

САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови

САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран.

Соединетите Држави го истражуваат протекувањето на два високо доверливи разузнавачки документи во кои се опишани израелските подготовки за одмазднички напади против Иран, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.

Документите, за кои се верува дека се подготвени од Националната агенција за геопросторно разузнавање, ги опишуваат американските толкувања на планираните дејствија на израелските воздухопловни сили и морнарицата врз основа на сателитски снимки направени на 15 и 16 октомври. Документите почнаа да циркулираат на апликацијата за пораки Телеграм минатата недела.

Израел планира одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври, кој беше втор директен напад врз земјата во последните шест месеци.

Запрашан за протекувањето на документите во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Џонсон рече „во тек е истрага и ќе дадам информации во рок од два часа“. „Внимателно го следиме (случајот)“, додаде тој.

„Њујорк тајмс“ објави дека официјални лица признале дека документите се автентични, но дека тие веројатно претставуваат само дел од информациите што САД ги имале за плановите на нивниот близок сојузник.

Првиот документ ги опишува подготовките на израелските воздухопловни сили за напад против Иран и втората вежба која вклучува употреба на големи вооружени сили. Вториот ги опиша подготовките за можни напади со беспилотни летала против Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања од новинарите минатата недела, рече дека има добра идеја кога и како Израел ќе го нападне Иран. Но, тој исто така рече дека гледа можност да ги прекине одмаздничките напади на двете непријателски земји.

притисни ентер