Холивудска актерка прошета во бизарен костум по Беверли Хилс и ги изненади сите (ВИДЕО)

Холивудската актерка, Фиби Прајс, прошета по улиците на Беверли Хилс во оскудна божиќна облека, привлекувајќи го вниманието на минувачите.

51-годишната актерка прошета низ пазарот во црвено боди со мрежести чорапи и високи црвени чизми и црвен шал, а подоцна големата капа ја замени со капа и брада на Дедо Мраз.

Друштво ѝ правело мало куче, кое го возела во количка, а потоа насмеано позирала со него. Таа подоцна објави видео на Инстаграм во кое танцува на песната Jingle Bells Rock, споделувајќи го своето празнично расположение со своите следбеници.

Инаку, Прајс се појавила во 24 филмови и серии, а нејзината последна значајна улога беше во филмот Hello Au Revoir од 2021. Покрај глумата, таа дизајнира и капи и ленти за коса кои ги красат водечките бутици во Беверли Хилс.

Воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе биде отворена на 4 март

Воздухопловната база на НАТО во албанскиот град Кучово, која се наоѓа во јужниот дел на земјата, што е прва ваква база во Западен  Балкан, ќе биде инаугурирана на 4. идниот месец.

Подготовките на базата на НАТО во Кучово се при крај и за првпат Министерството за одбрана објави видео и фотографии од неа.

Во видеозаписот, Командантот на албанските воздухопловни сили, бригадниот генерал Фердинанд Димо вели дека се е подготвено базата да профункционира.

- Ние сме на крајот од сите работи за трупите на воздухопловните сили да се обучуваат во оваа база. Но, не само тоа, трупите на НАТО и НАТО авионите можат да се сместат, обучуваат и летаат од воздухопловната база Кучово, која веќе е тактичка воздухопловна база на НАТО, вели тој.

Димо ги наведува и досегашните чекори, од моментот кога беше одлучено во Кучово да се изгради воздухопловна база за НАТО.

- Во 2021 година беше планирано да се спроведат инвестициите за ревитализација на инсталациите на базата Кучово. Сега сме на крајот со реализацијата на три значајни проекти, како што се оградувањето и безбедносниот систем, како и периметарската заштита на базата. Приближно 50 милиони евра се инвестирани од НАТО, а повеќе од 5 милиони евра од албанската влада“, објаснува командантот на воздухопловните сили.

Според него, изградбата на воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе придонесе и за економски развој на целиот округ Берат.

На свеченоста на 4 март ќе присуствуваат високи претставници на албанската држава, НАТО и САД.

Инаку, базата е изградена за потребите на албанските воздухопловни сили за време на комунистичкиот режим кој владееше во Албанија помеѓу 1944 и 1991 година и го штитеше воздушниот простор на земјата. Исто така, била домаќин на различни видови руски и кинески авиони.

Последните летови од оваа база биле извршени во 2005 година. /МИА

Осимен сака да се пресели во Челзи, а не во ПСЖ, Наполи за напаѓачот ќе бара 130 милиони евра

Виктор Осимен одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Според новинарот Емануеле Камарото, фаворити во борбата за напаѓачот на Наполи се Челзи и ПСЖ.

Парижаните го гледаат Нигериецот како замена за Килијан Мбапе, кој реши да го напушти клубот ова лето. Сепак, самиот Осимен е склон да се пресели во лондонскиот клуб.

Се известува дека Наполи очекува да добие околу 130 милиони евра за Осимен, што одговара на сумата наведена во неговиот договор.

Оваа сезона Осимен има осум гола и две асистенции на 14 натпревари во Серија А. /МИА

Јермак: Украина и нејзините партнери би можеле да ја поканат Русија на идниот мировен самит

Тој објасни дека Швајцарија ќе биде домаќин на самит на кој ќе се разговара за „визијата за мир на претседателот на Украина Володимир Зеленски“, која би можела да и биде предадена на Русија подоцна, на друга средба.

Украина и нејзините странски партнери би можеле да ја поканат Русија на идниот мировен самит на кој ќе се разговара за завршување на двегодишната војна според условите на Киев, изјави денеска шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак.

Тој објасни дека Швајцарија ќе биде домаќин на самит на кој ќе се разговара за „визијата за мир на претседателот на Украина Володимир Зеленски“, која би можела да и биде предадена на Русија подоцна, на друга средба.

„Може да дојде до ситуација заедно да ги поканиме претставниците на Руската Федерација, каде што ќе им биде претставен план во случај кој и да ја претставува земјата на агресорот во тој момент да сака вистински да ја заврши оваа војна и да се врати на праведен мир“, рече тој на конференцијата одржана во Киев, која беше пренесена од украинската телевизија.

Зеленски првпат ја објави својата мировна формула на самитот на Г20 во ноември 2022 година.

Мировната формула на Зеленски бара обновување на територијалниот интегритет на Украина и целосно повлекување на руските трупи.

Киев останува на ставот дека нема да разговара со Москва додека сите руски војници не ја напуштат украинската територија.

Кремљ посочи дека не постои моментална основа за мировни преговори меѓу Русија и Украина и дека мировниот план на Киев е апсурден бидејќи ја исклучува Русија. /МИА

притисни ентер