Холандија го гради најголемиот светски паркинг за велосипеди

Во холандскиот град Утрехт кон крајот на август започна да работи првиот дел од паркингот за велосипеди, кој по завршувањето на изградбата во 2018 година ќе може да се паркираат 12 500 велосипеди.

Инвестицијата е 40 милиони евра и според градските власти тоа ќе биде најголемиот ваков објект во светот.

Основната цел е да се реши проблемот со оставањето на велосипеди пред железничката станица во градот со 344 000 жители.

Во обид да го прекине растечкото натрупување на велосипеди во реонот општината гради трикатен паркинг.

Тој е поврзан со велоалеите и улиците, а од него има директен пристап до Перо преку лифтови и скали.

Во првите 24 часа користењето е бесплатно, по 1,25 евра за секој нареден ден.

„Ова е пропратен ефект на успехот на велосипедот во нашите градови”, коментира за “Ројтерс”, општинскиот советник Лот ван Хуидонк. „Среќни сме што толку многу луѓе возат велосипеди, но тоа му создава огромни предизвици на градот, особено во областа на железничката станица.”

Поради растечкиот број велосипеди во Холандија властите вложуваат милиони евра во модерни капацитети за паркирањето и за одржување на велоалеи, отстранување на пречки, собирање на напуштени или неправилно паркирани велосипеди.

Хаг планира гаража за 8500 велосипеда, а Амстердам (835 000 жители и 847 000 велосипеди) развива проекти за паркирање на илјадници велосипеди под реката Амстел.

Сериозни проблеми во Амстердам создаваат самите сопственици – минатата година се собрани близу 24 000 напуштени велосипеда, а 40 000 се отстранети од улиците за неправилно паркирање.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер