Хаосот во Авганистан продолжува, нема продолжување на рокот за евакуација до 31 август

Притисокот на сојузниците врз Бајден не даде резултат, Вашингтон ги повлекува трупите од Авганистан, околу аеродромот во Кабул очајни обиди на илјадници цивили да се обезбеди влез во авион. 

Стотици американски војници веќе го напуштутаат Кабул, во рамките на предвидениот рок, кој истекува за шест дена.

-Секој ден додека сме на терен е уште еден ден кога знаеме дека ИСИС-К сака да го нападне аеродромот и да не нападне и нас, сојузничките сили и невините цивили. На чекор сме да завршиме на 31 август. Што поскоро завршиме, тоа подобро. Секој ден од операциите носи дополнителен ризик за нашите војници. Комплетирањето до 31 август зависи од тоа дали талибанците ќе продолжат да соработуваат и дали ќе дозволат пристап до аеродромот за оние што треба да ги пренесеме надвор,без нарушување на нашите операции. , изјави Џозеф Бајден, претседател на САД

Од преземањето на земјата од страна на Талибанците се евакуирани над 70 илјади луѓе. Бројот на загрозени цивили кои сакаат да ја напуштат земјата е многу поголем и сосема е извесно дека нема да можат да се евакуираат за една недела. Талибанците веќе ги затвораат приодите кон аеродромот, порачуваат дека нема да дозволат пролонгирање на рокот за повлекување и воедно апелираат до САД да престатнат да ги евакуираат образованите Авганистанци.

-Ги повикуваме САД да не го охрабруваат авганистанскиот народ, особено образованата елита и интелектуалците да ја напуштат земјата. Американците ги земаат лекарите и инженерите, бараме тоа да го прекинат овој процес, изјави Забихула Муџахид, портпарол на талибанците

Германската канцеларка Меркел во обраќањето во Бундестагот порача дека Берлин е подготвен да разговара со Талибанците, но дека нема да им понуди безуслови договори.

-Оваа нова реалност е горчлива, но ние мора да бидеме дел од неа за да ги задржиме придобивките од изминатите 20 години. Она што апсолутно го потценивме беше колку брзо ќе се откажат авганистанските војници против Талибанците, изјави Ангела Меркел, канцелар на Германија.

Од Светската програма за храна соопштија дека на 14 милиони Авганистанци им се заканува глад поради комбинацијата на конфликтот, сушата и пандемијата.

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

притисни ентер