Хамилтон: Урнете ги сите споменици, не требало ниту да постојат ! (ВИДЕО)

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, на Инстаграм објави дека им се приклучи на демонстрантите во британскиот град Бристол кои вчера го соборија споменикот на трговецот со робови, Едвард Колстон.

Тоа беше кулминацијата на протестите против смртта на Џорџ Флојд во тој град, кои беа осудени од некои членови на британскиот парламент. Илјадници Афроамериканци се собраа во центарот на градот и го соборија споменикот на Колстон со громогласно одобрување.

Хамилтон, еден од најгласните спортисти во борбата против афро-американското насилство во САД, отворено ги поддржа демонстрантите.

„Јас не поддржувам насилство и криминал, но владата имаше доволно време да го отстрани тој споменик. Едвард Колстон беше монструм кој купуваше и продаваше Африканци и ги принуди да бидат робови до смрт. Никој што направил такви работи не заслужува споменик.Никогаш не требаше да биде дозволено да го добие споменикот. Горд сум на активистите кои го урнаа неговиот споменик. Нека ги урнат сите , низ целиот свет. Го поддржувам тоа. ”, напиша Хамилтон на Инстаграм со видеото од уривањето.

Демонстрантите го влечеа споменикот до реката и го фрлија во неа, по што беа критикувани. Исто така, имало предлози споменикот да се пренесе во музеј. Ова дополнително го налути Хамилтон, кој се обрати со друга приказна на Инстаграм.

"Ако овие луѓе не го уништија тој споменик, тој сè уште ќе стоеше таму во чест на расистот. Се зборува за преселба во музеј. Тој споменик мора да остане во таа река заедно со 20.000 Африканци кои умреа на патот кон Европа или беа фрлени во морето. Нека се подигне споменик на местото на неговиот споменик ,во чест на сите оние што умреа заради него“, напишал Британецот.

Едвард Колстон е роден во Бристол во 1636 година и за 84-години , колку што живеел бил трговец и член на парламентот, но и трговец со робови. Тој бил гувернер на Кралската африканска компанија, кралска компанија која се занимавала со трговија со робови и стоки од Африка. За време на неговото владеење, компанијата пренела околу 84.000 Африканци во Европа, а 20.000 починале на патот за Велика Британија.

На почетокот на 20 век започнала иницијативи за отстранување на споменикот, но тој останал да стои во центарот на Бристол, а улици, плоштади, училишта и некои други институции биле именувани по Колстон.

Нови цени на бензините

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70% во однос на одлуката од 29.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,438%, кај дизелот за 2,100%, кај екстра лесното масло за 2,605% и кај мазутот намалувањето е за 1,907%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407%

Од 8.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,832 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.5.2024 година, стои во соопштението од РКЕ.

Барселона е заинтересирана за Дарвин Нуњез

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез може да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува „The Sun“.

Според британскиот весник, Барселона е заинтересирана за 24-годишниот Уругваец. Каталонскиот клуб го гледа напаѓачот како замена за Роберт Левандовски.

Оваа сезона Нуњез одигра 52 натпревари, постигна 18 голови и 13 асистенции.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 70 милиони евра.

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото п.

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така, утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител.

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

притисни ентер