Хамилтон ќе дебитира за Ферари на 22 јануари?

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, на 22 јануари ќе ги забележи своите први кругови зад воланот на болидот на Ферари, според извори блиски до тимот. Сепак информацијата се уште не е потврдена од Ферари.

Хамилтон ќе го вози болидот Ф1-75 од 2022 година на патеката „Фиорано“ во Маранело, а Скудерија ќе ја користи програмата за тестирање на болидите од пред најмалку две сезони.

Мерцедес одби да го ослободи Хамилтон предвреме од неговиот договор поради спонзорската обврска во Малезија и тој не можеше да вози за својот нов тим на тестот во Абу Даби по крајот на сезоната.

Хамилтон веќе се прости од тимот на Мерцедес, а аналитичарите се натпреваруваат во прогнозите како ќе се одвива неговата адаптација во Ферари и како ќе изгледа неговата битка со Шарл Леклер./МИА

Реал Мадрид го менува името на стадионот!!

Познатиот стадион на најтрофејниот светски клуб, шпанскиот гигант Реал „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид повеќе нема да се вика така.

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид одлучил да го смени името на својот стадион, поточно да го скрати.

Отсега за комерцијални цели ќе се вика само - „Бернабеу“. Така, без Сантијаго, легендарниот играч и поранешен претседател.

- Засега Реал Мадрид молчи по ова прашање, а промените се забележуваат само во одредени маркетиншки акции. Веб-страницата на стадионот се вика „Бернабеу“, како и официјалниот профил на социјалните мрежи. Обиколката на стадионот се вика „Тур Бернабеу“, а дури и подарокот што клубот го понуди на своите Божиќни состаноци, модел на стадионот, беше крстен без името на Дон Сантијаго. Истото се случува и со рекламите на стадионите или чашите кои се продаваа на концертните денови. Ниту трага од Сантијаго – пишува „Марка“ и додава: - Дефинитивната промена на името би требало да помине на Собрание на акционери, што досега не се случило.

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ги погоди Курилските острови

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилските острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот е регистриран во близина на градот Јужно-Курилск, во копнениот дел на најголемиот остров, каде живеат околу 6.000 луѓе, нешто пред 14 часот по европско време.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 152 километри.

Градоначалникот Ѓорѓиевски доби плакета за придонес од МВР

Денес, на настанот организиран од МВР и министерот Панче Тошковски на кој беа презентирани резултатите од нивната работа, на градоначалникот  на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски му беше доделена плакета за особен придонес и соработка.

-Ова е признание кое ќе стои највисоко на мојата полица, бидејќи правото и правдата за мене се водилка низ животот. Почитувани припадници на македонската полиција, да се штитат граѓаните и да ѝ се служи на сопствената татковина е огромна чест. Да се извршува оваа задача професионално и пожртвувано е херојство, а вие, секој ден ни докажувате дека сте токму тоа - наши херои. Вие докажавте дека ја заслужувате нашата најдлабока почит! Продолжете храбро како и досега! Ви благодарам-изјави градоначаликот Орце Ѓорѓиевски.

притисни ентер