Хагари: Под џамија во Газа војниците на ИДФ пронајдоа работилница за изработка на ракети

Израелската армија (ИДФ) ноќеска соопшти дека под џамија во населбата Зејтун, во градот Газа, пронашла работилница што наводно палестинската милитантна група Хамас ја користи за производство на ракети.

-Џамијата, во областа Зејтун, се користела како лабораторија за производство на оружје, изјави на прес конференција портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Портпаролот додаде дека израелските војници влегле во џамијата за да проверат дали има замки, но, кога влегле во зградата, нашле тунелско окно и скалила.

-Терористите прават ракети во џамијата. Тие го користат исламот и симболите на исламот за тероризам, рече Хагари. /МИА

Халанд најбрзо до 40 гола во Лигата на шампионите

 Фудбалерот на Манчестер сити, Ерилнг Халанд синоќа беше стрелец во победата на неговиот тим против Лајпциг со 3:2 во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Норвежанецот на оваа средба го постигна својот 40-ти гол во 35-от натпревар од елитното фудбалско натпреварување.

Халанд е играчот кој најбрзо стигна до 40 гола во Лигата на шампионите. Тој го собори и рекордот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионите (23 години, 130 дена).

Оваа сезона, 23-годишниот Халанд забележа 20 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и четири асистенции.

Турција очекува да го ратификува приемот на Шведска во НАТО до крајот на годинава

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром изјави дека неговиот турски колега Хакан Фидан му рекол дека ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО може да се случи „во рок од неколку недели“.

-Го чекаме спроведувањето на ратификацијата. Вчера имав билатерална средба со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, на која тој изјави дека очекува ратификацијата да се случи во наредните недели, рече Билстром.

Изјавата на шведскиот министер ги потврдува зборовите на висок функционер на Стејт департментот, според кои турскиот министер за надворешни работи вчера на своите колеги од НАТО им рекол дека напорно работи на ратификацијата на приемот на Шведска во алијансата и посочил како веројатен период до крајот на годината.

Независните пратеници кои ја напуштија СИРИЗА формираат пратеничка група

Единаесетмина пратениците, меѓу кои и поранешни министри, кои во изминатиот период ја напуштија грчката опозициска партија СИРИЗА формираат пратеничка група во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратениците доцна синоќа одржаа состанок и како што беше очекувано и се најавуваше, се договорија да формираат нова пратеничка група за која го имаат доволниот број, со оглед на тоа дека за формирање потребни се најмалку десет пратеници.

Новата пратеничката група, официјално ќе биде промовирана в понеделник кога ќе биде соопштено и името, додека пак претседател ќе биде поранешниот министер Алексис Харицис.

Станува збор за пратеници од две фракции, кои си заминаа од СИРИЗА поради несогласувањата со новиот партиски лидер Стефанос Каселакис.

притисни ентер