Гвардиола: Веќе сме во четвртфиналето

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека неговиот тим ја заврши работата во осминафиналниот двомечот со Базел уште на првиот дуел во Швајцарија.


Сити синоќа победи со 4:0 и направи голем исчекор кон следната рунда во фудбалската Лига на шампиони.

- Имаме одличен резултат, по што веќе сме речиси квалификувани за четвртфиналето. Елиминациската фаза во Лигата на шампионите никогаш не е лесна. Ова се 180 минути фудбал во кој немате право да потценувате никого. Ќе го дадеме максимумот и на реванш, изјави Пеп.

Тој беше презадоволен од изданието на Илкај Гундоган.
- Гундоган е неверојатен фудбалер. Минатата сезона тој пропушти многу натпревари поради повреда. Сега сме многу задоволни од неговата игра и неговите лични квалитети, рече Шпанецот.

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

Јом Хашоа одбележан во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје

Со едноминутно молчење во чест на жртвите во холокаустот, денеска беше одбележан Денот на сеќавањето на жртвите. Традиционално овој ден  се одбележува на годишнината на востанието во Варшавското гето.

Маја Нану, член на управниот одбор на еврејската заедница, нагласи дека Македонија, рамо до рамо со целиот свет, им оддава почит на своите 7.144 евреи, жртви на нацизмот, депортирани во логорот на смртта, Теблинка.

Самоил Садикарио, пензиониран професор на медицинскиот факултет, член на Еврејската заедница, чии предци биле партизани, изразува жалење што се помалубројни се Евреите во Македонија. Особено му е жал што поради, како што рече, нечија луда идеа, загинале шест милиони евреи во светот.

Во чест на Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот, во музејот на холокаустот беше отворена и детска изложба, а најдобрите три цртежи беа и наградени.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер