Договорот беше ратификуван со 175 гласа „за “ , 33 против и 80 воздржани.
Пратениците од централно-десничарската Нова демократија го поддржаа Договорот за заемна соработка во одбраната, потпишан во октомври од страна на американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на посетата на Атина.
Членовите на Движењето за промени исто така гласаа за.
Договорот предвидува зголемени заеднички активности на САД и Грција и на НАТО во грчките воени бази и објекти во Лариса, Стефановикио и Александрополис,во централна и северна Грција, како и инфраструктура и други подобрувања на американските бази во Крит, соопшти АП. .
Американските воздухопловни сили веќе ги користат беспилотните летала MK-9 Reaper од базата на воздухопловните сили во Лариса.
Пратениците на опозициската левичарска партија Сириза беа воздржани.
Пред да се изјаснат, тие рекоа дека ја поддржуваат проширената соработка во одбраната со Соединетите држави, но нема да гласаат за ратификување на договорот, тврдејќи дека Атина најпрво треба да бара сеопфатна посветеност на САД против турските акции.
Грчката комунистичка партија и MeRA25 беа против договорот.