„Врз основа на одлуката на Министерството за транспорт и со оглед на реакцијата на јавноста, грчката компанија за јавен превоз тврди дека „оваа кампања против абортусот може да биде на штета на правата на жените и одлучи да ја прекине“, се вели во соопштението објавено денеска.
Најголемата опозициска партија Сириза, крајната левица и бројните организации за права на жените реагираа остро на оваа „пропаганда против основните права на жените“, а остри критики ги преплавија денеска социјалните мрежи.
Во Грција, како и во повеќето земји од ЕУ, прекинување на бременоста е можно до 12 недела.
Асоцијацијата „Дозволете ми да живеам“, која обединува 19 христијански здруженија, организираше кампања против абортусот заедно со грчката православна црква.
Минатата година го воведоа и „Денот на нероденото бебе“, што се одбележува на првата недела по Божиќ.
Загрижена за ниската стапка на наталитет во Грција (1,3 во 2017 година, покажуваат бројките на Еслит), десничарската влада на Киријакос Мицотакис, која ја презеде власта пред шест месеци, вети до 2000 евра во готово за секое дете родено во земјата.
Мерката ги разлути феминистичките движења, кои ги осудија владините „сексистички политики“.