ГРАВЧЕ СО ЛЕЌА И ЛЕБЛЕБИЈА

Рецепт на: РАДА БОШКОВСКА. Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ од Понеделник до Четврток во 10 часот на Канал 5

Потребни состојки: 300 гр. грав, 150 гр. леблебија, 200 гр. леќа, 1 младо кромитче, малку лукче, 1 страк праз, 1 ловоров лист, 1 сува пиперка, малку мајчина душичка, малку магоднос, малку целер, малку коријандер, ким и бибер по вкус.

Постапка:

Гравот и леблебијата се оставаат да отстојат во вода една вечер.

Утредента гравот и леблебијата одвоено варат околу 1 час.

Во тенџерето со сварениот грав се додаваат варената леблебија и леќата.

Потоа се додаваат: сечкано младо кромитче, сечкан праз, сечкана сува пиперка, лук, магдонос, целер и ловоров лист.

Јадењето се зачинува со: мајчина душичка, коријандер ким и бибер по вкус и се остава да проврие уште 10-тина минути.

Учество на собраниска Делегација во ПС на НАТО на 70. годишна сесија во Монтреал, Канада

На 70. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која се одржуваше од 22 до 25 ноември 2024 година во Монтреал, Канада, учествуваше Делегација од Собранието на Република Македонија.

На 70. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која се одржуваше од 22 до 25 ноември 2024 година во Монтреал, Канада, учествуваше Делегација од Собранието на Република Македонија во состав Драган Ковачки, шеф на Делегација и пратениците Беким Сали и Славјанка Петровска, членови на Делегацијата, информира собраниската прес-служба.

На пленарната седница и претходело одржување на постојаните комитети на ова Собрание, на чиј дневен ред се разгледувале повеќе извештаи и предлог-декларации, за усвојување на седницата.

Парламентарците ја потврдиле нивната силна поддршка на Украина и потребата за воена, финансиска и хуманитарна помош, како и правото за легитимна само-одбрана, согласно принципите на Обединетите нации. Истовремено, била поддржана актуелната адаптација на НАТО согласно новите стратешки предизвици, со апел до земјите да ги зголемат трошоците до одбраната над 2% од БДП за подобар придонес кон колективната одбрана.

-Во однос на зголеменото поврзување на автократските сили ширум светот, особено Русија, Кина, Иран, Северна Кореја и Белорусија и нивните стратегии за поткопување на демократските вредности, единствен беше ставот за засилено делување и унапредувањето на заедничките активности на земјите од Алијансата, со цел подобро справување со овие закани по модерните општества и граѓаните. Во тој контекст, членките беа повикани исто така целосно да ги спроведуваат постојните и секундарните санкции и да вршат поголема контрола во извозот на воена технологија. Регионот на Западен Балкан и Црното Море, како и глобалниот југ, беа детектирани како можни точки за дестабилизација и надворешни влијанија од трети страни и од тие причини, беше постигната согласност за зајакнување на поддршката на НАТО преку заеднички активности со овие земји. Пратениците го поздравија унапредувањето на соработката со партнерите на Алијансата кои споделуваат заеднички вредности и нивната поголема вклученост во активностите на Парламентарното собрание на НАТО, велат од Собранието.

Шефот на Делегацијата Драган Ковачки, на учеството на Постојаниот комитет на ПС на НАТО, ги известил и поканил своите колеги за нашата иницијатива да бидеме домаќини на следниот состанок на Комитетот во април идната година во Скопје, во годината кога ќе ја одбележиме 5-годишнината од влезот на земјата во НАТО како 30-ти сојузник. Настанот, потенцирал Ковачки, ќе биде можност уште еднаш да ја потврдиме нашата посветеност кон исполнување на целите и да понудиме наши искуства и капацитети за одбранбени и воени прашања важни за овој дел на крилото на НАТО

На пленарната седница, свои пригодни обраќања имале Џастин Трудо, премиер на Канада, Руслан Стефанчук, претседавач на Врховната Рада на Украина, Рејмонде Гање, спикер на Сенатот на Канада и Борис Руге, в.д. заменик-генерален секретар на НАТО.

Биле усвоени пет резолуции и препораки за владите на земјите членки на НАТО: Идно докажување на Алијансата и поддршка на Украина со победа, Зајакнување на интегрираната воздушна и ракетна одбрана на НАТО, Борба против сексуални насилства за време на конфликт, Галванизирање на технолошката предност за поддршка на просперитетот и безбедноста на Алијансата и Искористување на можностите за одговорна употреба на вештачка интелигенција во воениот домен.

Парламентарното собрание избрало ново раководство на сесијата, со Маркос Перестрело де Васконселос од Португалија за претстедател и пет потпретседатели: Џули Деровиц од Канада, Сер Алек Шелбрук од Обединетото Кралство, Мико Савола од Финска, Агнес Вадаи од Унгарија и Јохан Вадерфул од Германија. На Аврил Хејнс, првата жена директор на Националното разнузнавање на САД, и беше доделена наградата Жени за мир и безбедност на ПС на НАТО за 2024 година.

Парламентарното собрание на НАТО (ПС на НАТО) е мултилатерална организација која воспоставува суштинска врска меѓу НАТО и парламентите на НАТО нациите, обезбедува поширока транспарентност на политиките на НАТО и придонесува да се зајакнат трансатлантските вредности на Алијансата.

ПС на НАТО брои 281 делегат од 32 земји-членки на НАТО, како и делегати од асоцијативни земји членки, регионални партнери и од Медитеранските асоцијативни земји членки како и парламентарни набљудувачи од други земји и парламентарни собранија (ПС на ОБСЕ и ПС на СЕ) и делегација од ЕП, кои исто така, земаат учество во неговите активности. Собранието претставува критички форум за меѓународен дијалог на парламентарци за стратешки и безбедносни теми од заеднички интерес на НАТО.

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Членките на Северноатлантската алијанса треба да ја забрзаат процедурата за Украина да стане полноправна членка на НАТО што е можно поскоро, се наведува во резолуцијата усвоена на пленарната седница на Парламентарното собрание на НАТО.

„Собранието ги повикува владите и парламентите на членките на Алијансата да ги интензивираат политичките и практичните напори за Украина да добие покана и да стане 33. членка на НАТО што е можно поскоро“, се вели во резолуцијата, пренесува Укринформ.

Во резолуцијата се повикува на зголемување на воената, финансиската и хуманитарната поддршка за Украина, како и навремено снабдување со муниција и современи оружени системи.

Собранието препорачува и заострување на санкциите кон Русија и Северна Кореја и обезбедување на Украина со ракети со среден дострел за одбрана и одвраќање од понатамошна агресија.

Оваа година, Парламентарното собрание на НАТО се одржува во Монтреал, Канада. /МИА

Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност

 Лука Алериќ од Панчево, Србија, ги освои своите следачи на Тикток со неодамнешниот свој гест. 

Имено, за време на дождливите и снежните денови, тој постави бесплатни чадори во центарот на градот, сакајќи да им помогне на своите сограѓани, особено оние кои не беа подготвени за новите временски услови.

- Се надевам дека барем малку им помогнав, напиша 25-годишниот Лука.

Под неговото видео, следеа коментари: „Лука е прекрасен, многу луѓе треба да се угледаат на него“, „Браво, вака се сака градот“, „Само продолжи така“, „Прекрасно е што мислиш на своите сограѓани“, „Среќа е кога некој мисли и се грижи за тебе - тоа се луѓе со душа“, „Браво, секоја чест за тебе“, „Ти си крал“...

@aleric.luka Nadam se da sam im pomogao malo #fy #foryou #pancevo #lukaaleric #pancevo❤️ #foryoupage #srbija #balkan #serbia ♬ original sound - aleric.luka

Лука привлекува внимание со слични гестови на љубезност и добрина кон другите луѓе. За него, тоа се „најслатко потрошени пари, бидејќи се дадени со љубов“, како што рече самиот во друго видео.

притисни ентер