Граѓани во посета на кабинетот на претседателот на државата

Гостите, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, се запознаа и со дел од вработените и биле информирани за историјатот на Вила Водно.

Во рамки на активноста Отворен Кабинет денеска кабинетот на претседателот на Република Македонија, Вила Водно, го посетија граѓани кои имаа можност да се сретнат, лично да поразговараат со претседателот Стево Пендаровски и директно од него да се информираат за неговите надлежности, да ги посетат просториите во кои се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Гостите, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, се запознаа и со дел од вработените и биле информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите што се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

Денешниот настан е во рамки на Отворен Кабинет, активност што овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски.

Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот. /МИА

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер