Градоначалникот Ѓорѓиевски во посета на децата кои бесплатно летуваат во Охрид

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчеравечер ги посети дечињата од општина Кисела Вода кои бесплатно летуваат во детското одморалиште ,,Радости”. 

Заедно логоруваа, возеа кајак, спортуваа, правеа скара и се дружеа. Градоначалникот и се заблагодари на легендарната судиска двојка Начевски и Николов кои судеа на ОИ во Париз и кои одвоија од своето време да се дружат со дечињата на бесплатниот спортскиот камп организиран од Општина Кисела Вода.

-Каква прекрасна вечер!Вечерва во Охрид ги посетив моите другарчиња кои бесплатно летуваат во детското одморалиште ,,Радости”.Логорувавме, правевме скара, многу се забавувавме, возевме кајак, спортувавме, игравме игри и поминавме цела вечер заедно. Околу 160 дечиња ќе имаат одмор за паметење, незаборавни спомени и вечни пријателства. Ваквата радост, спојот на дечињата од различни генерации е тоа што не може да се опише со зборови туку треба да се доживее, а јас - ја имав таа чест во прво лице! Се договоривме на следна дружба наредната година, на следно летување и уште помасовно, со уште повеќе дружење и, како што беше нивното барање - да ги дружам цело време. Ете токму ова е тоа за кое вреди секоја жртва, секоја непреспиена вечер и макотрпна работа. Ова е она за кое се бориме, детската радост. Огромно благодарам до менаџментот на детското одморалиште ,,Радости” за професионалниот однос, за одличниот пречек и грижата за нашите дечиња. Благодарам и на легендарната судиска двојка Начевски и Николов кои судеа на ОИ во Париз и одвоија од своето време да се дружат со дечињата. Дечки, се гледаме повторно догодина-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, соопштија од општината.

Ужас во Швајцарија: Ја задавил сопругата и телото ѝ го сомлел во блендер, вели дека се бранел

Судот во Швајцарија оваа недела одби да го ослободи од притвор Томас (41), кој ја убил сопругата Кристина Јоксимовиќ (38), а потоа со миксер ѝ ги исецкал деловите од телото.

Федералниот суд во Лозана вчера ја отфрли неговата жалба, наведувајќи дека има „конкретни индиции за ментална болест“.

Во март, обвинетиот му признал на државниот обвинител дека ја убил сопругата и мајка на неговите две деца - наводно затоа што пред тоа го нападнала со нож. Тој претходно тврдеше дека Кристина ја нашол мртва и во паника ја распарчил. Но судско-медицинскиот извештај укажува дека не се работело за самоодбрана, пишува швајцарски Блик.

Експертите утврдиле дека Кристина, која своевремено влегла во финалето на изборот за Мис на Швајцарија, била задавена на 13 февруари. Според Sky News, остатоците од нејзиното тело биле пронајдени во куќа во Бининген, во близина на Базел.

Обдукцијата покажала дека по убиството жртвата била распарчена во пералната со пила, нож и ножици. Убиецот потоа исецкал некои делови од телото со блендер и потоа ги растворил во хемикалии.

Во наодите на истрагата се наведува дека Томас по убиството на сопругата покажал недостаток на емпатија и социопатско однесување и се обидел да го прикрие злосторството. Забележано е и дека пред убиството ја задавил сопругата, како што стои во пресудата. Инаку, Кристина ја освоила титулата Мис на северозападна Швајцарија и била финалистка на Мис на Швајцарија во 2008 година.

Во февруари, пријателите на двојката рекоа дека немало индикации за лош брак: „Тие изгледаа како совршено семејство“. Но, други рекле дека парот бил во криза со месеци. Наводно, пред убиството, полицијата интервенирала при расправија поради насилство.

Страшна несреќа во Мичиген среде бел ден- возачот заврши на покрив, возилото смачкано (ВИДЕО)

Несреќата се случила во градот Сагинау, во американската сојузна држава Мичиген, откако 28-годишен возач изгубил контрола и со камионетот удрил во куќа на раскрсница.

Возилото се запалило, но тоа не е најбизарниот детал. Неименуваниот возач, очигледно замаен, завршил на покрив од семејна куќа.

На социјалните мрежи кружи видео од инцидентот, а јасно е дека возачот лежи неподвижен на покривот. Недолго потоа се освестил, пренесува ABC 12 News.

На местото на настанот пристигнала и противпожарната единица која го изгаснала пожарот, а донесена е и скала за безбедно да го симне човекот од покривот.

Тој е пренесен во болница во критична, но стабилна состојба. Трите лица кои биле во куќата не се повредени.

Полицијата не соопштува детали, вклучително и како се случила несреќата, бидејќи истрагата е во тек.

На Шведска ќе ѝ требаат најмалку 25 години за го реши проблемот на малолетните криминални банди

Шведска, која до пред десетина години важеше за идилична скандинавска земја, сега е на врвот на листата на членки на ЕУ според стапката на криминал извршен со огнено оружје.

Меѓународните банди сега регрутираат деца, пишува Politico.

На Шведска ќе ѝ требаат најмалку десет години за да го реши проблемот со криминалот на малолетничките банди, изјави министерот за правда.

„Проблемите се секако многу сериозни и ќе биде потребно време за успешно да се смени тој тренд, не само што се однесува до децата“, рече Гунар Стромер, министер за правда.

Шведска е потресена од бран на насилство од банди во последниве години, со стапки на криминал со оружје меѓу највисоките во Европската унија. Според официјалните податоци, во 2022 година во Шведска биле убиени 62 лица, а во 2023 година бројот на жртви бил 54.

„За да се осигураме дека децата што растат во Шведска не запаѓаат во криминал, потребна е најмалку една деценија. Тоа е многу реален поглед на временската перспектива“, рече Стромер.

Криминалот на бандите и миграцијата станаа жешки прашања во Шведска, што ја доведе крајната десница до изборен успех. Најголем дел од злосторствата се извршени од меѓународно поврзани банди кои регрутираат деца во своите редови.

Минатиот септември, откако една 25-годишна жена беше убиена во напад на банди, премиерот Улф Кристерсон во ретко телевизиско обраќање вети дека ќе ги „лови бандите“. Претходно оваа година, шведскиот парламент ја овласти полицијата да воспостави таканаречени безбедносни зони, дозволувајќи им да пребарува одредени области без налог или само со причина.

Стромер рече дека владата исто така ги заострува казните за младите престапници.

„Постои постојан ризик од спирала на ново насилство што клокоти под површината“, предупреди тој.

притисни ентер