Готвачите направија гробишта од униформи на главниот плоштад во Брисел (ВИДЕО)

Стотици готвачки униформи беа наредени на плоштадот во центарот на Брисел во знак на протест против рестриктивните мерки.

Угостителите во Белгија на оригинален начин укажаа на своите проблеми ,бидејќи хотелите, рестораните и кафулињата се затворени скоро два месеци поради пандемијата на коронавирус.

Белите униформи на готвачите, одделени со низа црни, беа поставени во прави редови за да личат на гробишта на централниот плоштад во Брисел.

Корали Михаелс, една од организаторите на протестот, рече дека угостителите сакаат да ги посочат проблемите во овој сектор, што носи во белгиската економија околу 18 милијарди евра годишно и каде што работат 10 проценти од 11,5 милиони жители на Белгија.

„Треба да знаеме какви се мерките и да можеме да ги испланираме активностите во иднина“, рече Михаелс, чие семејство го поседува Restauration Nouvelle, компанија за ресторани и угостителство.

Белгија започна да ги олеснува рестриктивните мерки. Од понеделник, сите продавници ќе можат да бидат отворени. Сепак, баровите и рестораните ќе останат затворени барем до јуни.

Рестораните сè уште можат да нудат храна за надвор или да ја испорачуваат, а некои избрале да ги хранат бездомниците за време на карантинот. Други им доставуваат храна на здравствените работници.

Ново детско катче и простор за одмор на ул. "Ѓорѓи Димитров"

Прекрасниот неделен сончев ден го искористија децата кои живеат во непосредна близина на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”. 

Во голем број излегоа да уживаат на новото детско катче и новиот терен за мал фудбал. Просторот е надополнет со урбана опрема и зеленило, така што претставува нова локација за одмор и дружење и за повозрасните.

-Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за мал фудбал со вештачка трева на улица ,,Ѓорѓи Димитров”. Најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече, добиваат ново детско катче и терен за фудбал, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема која ја нуди ова место.Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво овој парк. Мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива реконструирано катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Мундо Депортиво: Во понеделник ќе се решава судбината на Чави во Барселона

Раководството на Барселона утре ќе одлучи за иднината на тренерот на тимот Чави, пишува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски весник, 44-годишниот фудбалски стручњак ќе се сретне со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Се наведува дека средбата може да има каков било исход.

Чави во јануари најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона. Во април тој објави дека се премислил и ќе продолжи да работи во клубот.

Подоцна, се појави информација дека Барселона не е задоволна од јавните коментари на Чави за финансиските проблеми на клубот.

По 36 одиграни кола, Барселона (79 бодови) е на второто место во шпанската Ла Лига. /МИА

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

 Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

- Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

притисни ентер