Гордана Силјановска-Давкова во „Само Интервју“

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски екслузивно ќе гостува Гордана Силјаноска-Давкова, веднаш по вестите.

Неупотребата на „Северна“ во заклетвата предизвика грчко цунами уште на стартот на мандатот, ќе ни стане ли Атина повтроно пречка за интеграциите или фамата беше само издувен вентил на Мицотакис пред евроизборите?

Стратешките партнери ни порачаа дека нема можност за репреговарање на Францускиот предлог, ако до пред два месеци бевме во зона на демократски самрак, каде сме сега? Станавме ли повторно горди или сме донесени до ѕид за уставните измени?

Политичка или суштинска беше смената на Еролд Муслиу? Како ќе се спојуваат АНБ и Агенецијата за разузнавање и треба ли да се зголемат ингеренциите на претседателот?

Што да очекуваме од Самитот на НАТО во Вашингон?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски екслузивно ќе гостува Гордана Сиљаноска-Давкова, веднаш по вестите.

Бајден за дебатата: Бев исцрпен, тоа беше лоша ноќ

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Еј-Би-Си Њуз за неговиот настап на дебатата повтори дека имал лоша ноќ и им кажа на гласачите дека ќе се бори во трката во 2024 година и покрај повиците да се пензионира.

Бајден го даде интервјуто откако одржа жесток говор пред толпа луѓе во Медисон, Висконсин, дека некои демократи се обидуваат да го принудат да излезе од трката по неговата дебата против републиканецот Доналд Трамп.

Бајден наведе „навистина лоша настинка“ како причина за неговото пелтечење на дебатата и исцрпеност по две патувања во Европа.

- Бев исцрпен. Не ги слушав моите инстинкти во однос на подготовката. Тоа беше лоша ноќ, изјави тој.

Бајден рече дека бил малку расеан од говорот на Трамп кога неговиот микрофон бил исклучен за време на дебатата.

- Дозволив тоа да ми пречи. Сфатив дека едноставно немам контрола, рече тој.

На прашањето дали поминал одреден когнитивен тест, Бајден рече дека не поминал и „никој не рече дека морал“.

На прашањето дали би се подложил на таков тест, тој рече: „Видете, јас имам когнитивен тест секој ден како претседател“.

- Ако се уверите дека не можете да го победите Доналд Трамп, дали ќе се повлечете? го праша водителот пред крајот на интервјуто.

- Зависи, зависи од тоа ако семоќниот Бог дојде и ми каже, можеби ќе го направам тоа, рече Бајден.

Промоција на платформа за групно донирање во граѓански организации

Во Ист гејт мол денеска од 11 до 15 часот ќе биде промовирана платформата „Оп-оп“ за групно донирање во граѓански организации.

Промоцијата платформата е во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од Конект, а во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Македонија.

-Присутните на настанот ќе имаат можност да ги истражат можностите на платформата и да изберат од многуте добротворни иницијативи на граѓанските организации што сакаат да ги поддржат. Со новата платформа донирањето е полесно од кога и да е, може да се донира со само еден клик. Откако ќе донираат, присутните, а особено најмладите, ќе имаат можност да се вклучат во интерактивни игри, како школка, јаже или скокање во вреќа, соопшти Конект.

НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина

- НАТО ќе ја преземе координацијата и обезбедувањето на најголемата меѓународна безбедносна помош, изјави Столтенберг. 

Обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, засилувањето на одвраќањето и одбраната, зајакнување на трансатлантската одбранбена индустриска соработка и зголемувањето на одбранбеното производството и зацврстувањето на глобалните партнерства со земјите од индо-пацифичкиот регион, ќе бидат главните теми на претстојниот Самит на НАТО што од 9 до 11 јули ќе се одржи во Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера во пресрет на Самитот порача дека поддршката за Украина ќе биде „најитната задача“ на Алијансата и дека очекува шефовите на држави или влади на членките на Пактот да договорат „значителен пакет“ за Киев.

- НАТО ќе ја преземе координацијата и обезбедувањето на најголемата меѓународна безбедносна помош, изјави Столтенберг.

Според него, се очекува на Самитот да се договори финансиска помош и понепосредна воена поддршка за Украина, да бидат склучени повеќе билатерални безбедносни договори меѓу земјите членки и Киев и да се продлабочи воената интероперабилност со земјата.

[Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Сирија и Русија веднаш да ги прекинат воздушните напади на Идлиб и целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски.]

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг додаде дека сите овие елементи ќе „претставуваат мост за членство на Украина во НАТО“, со што земјата „се приближува кон Алијансата“.

Согласно договореното на последниот состанок на министрите за одбрана одржан минатиот месец во Брисел, координацијата и доставувањето на помошта за Украина ќе се спроведува преку Команда стационирана во седиштето на НАТО во Германија и преку логистички центри во источните членки на Алијансата. Со Командата, која ќе има неколку стотици членови персонал, ќе раководи генерал-полковник, кој ќе му биде директно одговорен на командантот на силите на НАТО во Европа.

Се очекува на Самитот да биде усогласено името на оваа координација за испорака на воена помош за Украина и обуката на припадници на украинските вооружени сили. Целта е да се постигне обврзувачки договор за жовие процеси да се оддалечат од политичарите или од некоја институција, во случај на власт во некои членки да дојдат сили што не се премногу наклонети кон поддршката на Украина, како Доналд Трамп во Вашингтон или екстремно десничарскиот Национален собир (РН) во Париз.

[Олаф Шолц]

Првично за овој процес со споменуваше името „Мисија Украина“, на што, според дипломатски извор, на тоа се спротивставил Берлин. Истите извори посочуваат дека германскиот канцелар Олаф Шолц отворено бил против ова име, со образложение дека терминот „мисија“ асоцира на испраќање „трупи на терен“, што би можело да сугерира на вклучување на Алијансата во конфликтот.

По ова на маса се нашле повеќе термини како „рамка“, „механизам“, „центар“, „иницијатива“, „команда“, „платформа“... На крајот се дошло до имињата „Украина-НАТО Иницијатива за обука и опрема“ или скратено УНИТЕ, што во превод од англиски значи „обедини“, „обединува“ и „НАТО безбедносна помош и обука за Украина“ или НСАТУИ.

Претставник на американскиот Стејт департмент на почетокот на неделава изјави дека се уште се работи на утврдување на конечното име на процесот.

[Изборите за Државната дума на Руската Федерација на 17, 18 и 19 септември се одржаа во непогодни услови за слободен и фер процес, а употребата на закони за „странски агенти“ и „есктермистички]

- Се уште работиме на тоа како да го доловиме и опишеме. Разгледуваме неколку можни акроними, додаде тој.

Дипломатски извори во НАТО посочуваат дека посебно внимание во Пактот се посветува на изборот на имињата, бидејќи тие имаат политичка тежина и носат порака. Според нив, многу е важно Кремљ да не ја злоупотреби таа порака и да не ја искористи за оправување на својата воена операција.

- Понекогаш се расправаме и разговараме за работи за кои само ние сме грижиме, наместо да се обидуваме да им објасниме на луѓето надвор од ѕидовите на штабот колку е важна улогата на НАТО, посочи дипломатски извор за „Еурактив“.

Сепак, според друг дипломат, независно кое име ќе биде одбрано, колоквијално процесот ќе се нарекува „Мисија на НАТО во Украина“.

притисни ентер