Големо археолошко откритие - во Корошишта најдена златна маска

Значаен археолошки наод во охридско-струшкиот крај.

На локалитетот Корошишта биле пронајдени вредни златни предмети кои се ископани од приватен имот, каде била пронајдена гробница на маш и жена кои биле дел од аристократијата.

На локацијата биле присутни видни археолози, кои велат дека сосега не се соочиле со ваков пронајдок. Претпоставките се дека на местото живееле луѓе од елитата пред многу векови.

Министерот за култура, Зоран Љутков кој денеска беше во Струга да посведочи за ова значајно откритие, рече дека биле регистрирани 80 пронајдоци од огромно значење. Смета дека ваквите пронајдоци дополнително ќе влијаат за развој на културниот туризам во земјава.

Последните археолошки пронајдоци во Охрид беа во април годинава, откако истражувачите тогаш открија монументален сакрален објект од раното христијанство, декориран со мозаични подови и полихромно фрескосликарство.

Момче загина во експлозија во хрватскиот град Книн, четворица се повредени

Синоќа дошло до експлозија во зграда во Книн.

Едно лице загинало, а четворица се ранети, објави Индекс.

Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добиле дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна направа, при што едно лице загинало, додека четири лица се повредени и итно пренесени во болница. На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош.

Вработени во Итната медицинска помош го пренеле повредениот во болницата „Хрватска општа и ветеранска гордост“ во Книн. Се уште не е позната тежината на повредите. Полициски службеници го обезбедуваат местото на инцидентот, а околностите за експлозијата ќе се утврдуваат со истрага.

Неофицијално, се дознало дека сите жртви се млади луѓе и дека несреќата се случила во подрумот на зградата каде се дружеле.

Украинска армија: Уништени повеќе од десет руски дронови што во текот на ноќта го нападнаа Киев

Украинските единици за противвоздушна одбрана уништија повеќе од десет руски беспилотни летала што во текот на ноќта го нападнаа Киев, соопшти денеска украинската војска.

Воената управа на Киев на мрежата Телеграм објави дека нема непосредни извештаи за штети или жртви во нападот со дронови и дека денеска ќе бидат објавени дополнителни информации за нападот.

„Дроновите летаа од различни правци кон Киев. Тревогата за воздушен напад во градот траеше повеќе од три часа“, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Очевидци потврдија дека во текот на ноќта се слушнале експлозии во Киев, како и дека дејствувале украинските единици за противвоздушна одбрана. Засега нема коментари од Русија за овој напад.

Претседателски избори во Романија, најголеми шанси има десничарскиот кандидат

Романците денеска избираат нов претседател од 13 кандидати.

Романците денеска избираат нов претседател од 13 кандидати, а најголеми шанси имаат премиерот Марсел Чолаку, кој е поддржан од најголемата романска партија - Социјалдемократската партија и лидерот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџ Симион.

Право на глас имаат нешто повеќе од 18 милиони Романци, а во странство живеат над 989.000 гласачи. Гласањето во странство почна завчера.

Најмладиот кандидат за претседател на Романија има 37 години, најстариот - 66. Меѓу нив има искусни политичари и претставници од различни професии - ветеринари, новинари и адвокати, поранешен генерал и поранешен офицер.

Главен фаворит на претседателските избори е актуелниот премиер Чолаку.

Гласањето ќе заврши во 21 часот по локално време.

притисни ентер