За да биде состојбата уште пострашна за 260 – те патници , вратата на авионот останала отворена , а надвор температураат изнесувала минус 20 степени. До драмата во авионот дошло кога по три и пол часа лет , авионот морал принудно да слета на воениот аеродром во Канада , поради болест на еден од патниците.
Прво било решено авионот Боинг 777 да се врати на аеродромот Њуарк , но пилотите се предомислиле и слетале на малиот воен аеродром во провинцијата Њуфаундленд во Канада.
Авионот слетал во 21.30 часот по локално време , а патникот веднаш бил однесен во болница . Но , тогаш се појавил проблемот со вратите.
По неколку часа на патниците им било кажано за тој проблем . Дошле и механичари , но не успеале да ги поправат. Тогаш пилотите решиле да преминат на планот Б и да чекаат заменски авион , што би ги однел патниците или во Хонг Конг или назад во Њујорк. Тоа не би бил голем проблем ако вратите можеле да се затворат , а нaдвор не било многу студено .
Целата операција траела 15 часа. Авионот бил доволно загреан на почетокот , но подоцна се појавил проблем . Најтешко , според патниците , и било на една стјуардеса , која морала од безбедносни причини да стои пред отворените врати.
Од Јунајтед Ерлајнс објаснуваат дека авионот морањл да слета во Канада поради механички проблем.