Голем пад на продажбата на индустриски роботи во САД

Северноамериканските компании нарачале значително помалку роботи во 2023 година, ставајќи крај на петгодишниот бум во услови на забавување на економијата и повисоки каматни стапки што ја отежнува набавката на софистицирани машини.

„Кога економијата не е одлична, полесно е да се одложи купувањето“, рече Џеф Бурнштајн, претседател на Здружението на производители на роботи А3, кое ги следи нарачките, објави Економик Тајмс.

Компаниите купиле 31.159 роботи минатата година, 30 отсто помалку отколку во 2022 година, пресметале А3. Процентуалниот пад е најголем од 2006 година, открија тие.

Побарувачката е намалена кај компаниите поврзани со автомобилската индустрија, кои сочинуваа околу половина од пазарот на роботи минатата година, но и во секторите за преработка на храна и метал.

Во четвртиот квартал, производителите на роботи забележале 7.683 нарачки, осум отсто помалку отколку во истиот период во 2022 година.

Universal Robots, дански производител на мали флексибилни роботи, неодамна објави дека нивниот приход во 2023 година паднал за седум отсто на 304 милиони долари.

Продажбата била попречена минатата година поради загриженоста за лошата економија и вишокот залихи создаден од пандемијата Ковид-19, кога продажбата на роботи пораснала, додека производителите барале решение за недостигот на работна сила. 2022 година била рекордна по бројот на нарачки, покажуваат податоците на А3.

Забавувањето на побарувачката во 2023 година се совпаднало со најавата на некои производители за развој на понапредни верзии на машините.

Така, стартапот за роботика Figure во јануари објави дека склучил партнерство со германското BMW што треба да резултира со распоредување на хуманоидни роботи во фабриката за автомобили на BMW во Јужна Каролина. Хуманоидни роботи се развиваат и од производителот на електрични возила Tesla.

Видео: Новак Ѓоковиќ ги насмеа следбениците, танцуваше грчки танц на лента за трчање

На Дејвис куп тестот вчера Србија поведе со 2:0 против Грција во Белград, а тој втор бод го донесе Новак Ѓоковиќ совладувајќи го Гркот Јоанис Ксилас со 6:0, 6:1.

Новак пред натпреварот ги насмеа сите свои следбеници на социјалните мрежи објавувајќи видео во кое покажа како се подготвува за натпреварот.

„Смешен начин да се подготвите за натпреварите против Грција“, напиша тој во описот на неговото видео на TikTok, кое собра повеќе од 655.000 прегледи за само еден ден. Имено, додека бил во теретана, Ѓоковиќ на лентата за трчање го играл познатиот грчки танц - сиртаки.

@djokernole Fun way to prepare for the matches vs Greece 🇬🇷 brothers #tennis #serbia #greece #daviscup ♬ original sound - Novak Djokovic

Освен Срби и луѓе од соседните земји, во коментарите му одговорија и Грци. „Ве обожаваме во Грција. Секогаш сте добредојдени“, „Ви испраќаме голем поздрав од Грција“, „Дојди овде да танцуваме“, продолжија коментарите.

„Веќе можам да видам дека можеби ќе почне да танцува кога ќе се пензионира“, гласи еден од коментарите.

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.

- Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

-Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме".

Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи. /МИА

Зеленски: Украина трпи големи загуби поради бавната испорака на оружје

Украинските војници трпат големи загуби поради бавното пристигнување на западното оружје за соодветно опремување на вооружените сили, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Зеленски истакна дека ситуацијата во источниот дел на земјата е „многу тешка“, додавајќи дека половина од украинските бригади таму не се опремени, пренесува БТА.

- Затоа губиме многу луѓе. Ги губиме луѓето затоа што немаат борбени возила... немаат артилерија, немаат артилериски гранати, рече Зеленски.

Тој, исто така, забележа дека оружјето ветено од САД и европските земји пристигнува многу бавно.

- Потребни ни се 14 бригади за да бидеме подготвени. Досега... од овие пакети [со пратки оружје] не опремивме ниту четири, посочи украинскиот претседател.

Зеленски овој месец треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе му претстави план за ставање крај на војната. Главните елементи се безбедносна и дипломатска поддршка, како и воена и економска помош, најави Зеленски.

Се очекува тој да му ги повтори на Бајден барањата да и се дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко на руска територија.

- Единственото нешто од што се плаши рускиот претседател Владимир Путин е реакцијата на неговиот народ ако цената на војната ги натера да страдаат. Направете ја Украина силна и ќе видите дека тој ќе седне и ќе преговара, рече Зеленски./МИА

притисни ентер