Ѓоровиќ го закажа првиот селективен тренинг

Селекторот на женската кадетска репрезентација на Македонија, Владимир Ѓоровиќ за 21 јуни во Скопје го закажа првиот селективен тренинг, за кој повика 24 кошаркарки од генерацијата 1999 и помали, кои ќе конкурираат за настап на Европското Првенство во Охрид и Струга.

Селективниот тренинг ќе се одржи во спортската сала „КК Вардар“, а Ѓоровиќ ги повика следните кошаркарки:

Софија Стоева - Јуниор,
Јована Стојанова - Јуниор,
Искра Андонова - Јуниор,
Марта Толевска - Јуниор,
Јована Петрушевска - Јуниор,
Наталија Белеска - Струга 2009,
Евгенија Рафтоска - Струга 2009,
Анамарија Шеќероска - Струга 2009,
Ксенија Стојчевска - Струга 2009,
Марија Столевска - Струга 2009,
Тијана Костеска - Работнички,
Кристина Тодевска - Работнички,
Ирина Божиновска - Работнички,
Александра Крстевска - Бадел 1862,
Снежана Серафимовска - Бадел 1862,
Маргарита Ташулова - Бадел 1862,
Теа Митрева - Бадел 1862,
Сара Спирковска - Младост Битола,
Ивона Коџобашиовска - Младост Битола,
Теодора Кузмановска - Младост Битола,
Тијана Митрева - МНА Кавадарци,
Ања Диздаревиќ - Лотос,
Моника Бадиоска - Гостивар,
Нурај Мемедова - Петровски Гостивар.

Женската Македонска Репрезентација до 16 години ќе учествува на Европското Првенство чиј организатор е нашата земја, поточно градовите Охрид и Струга во периодот од 13 до 23 август.

На ЕП ќе учествуваат вкупно 20 репрезентации, а Македонија се наоѓа во група со Белорусија, Финска, Израел и Литванија.

Ново детско катче и простор за одмор на ул. "Ѓорѓи Димитров"

Прекрасниот неделен сончев ден го искористија децата кои живеат во непосредна близина на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”. 

Во голем број излегоа да уживаат на новото детско катче и новиот терен за мал фудбал. Просторот е надополнет со урбана опрема и зеленило, така што претставува нова локација за одмор и дружење и за повозрасните.

-Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за мал фудбал со вештачка трева на улица ,,Ѓорѓи Димитров”. Најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече, добиваат ново детско катче и терен за фудбал, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема која ја нуди ова место.Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво овој парк. Мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива реконструирано катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Мундо Депортиво: Во понеделник ќе се решава судбината на Чави во Барселона

Раководството на Барселона утре ќе одлучи за иднината на тренерот на тимот Чави, пишува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски весник, 44-годишниот фудбалски стручњак ќе се сретне со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Се наведува дека средбата може да има каков било исход.

Чави во јануари најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона. Во април тој објави дека се премислил и ќе продолжи да работи во клубот.

Подоцна, се појави информација дека Барселона не е задоволна од јавните коментари на Чави за финансиските проблеми на клубот.

По 36 одиграни кола, Барселона (79 бодови) е на второто место во шпанската Ла Лига. /МИА

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

 Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

- Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

притисни ентер