Германскиот претседател ги обвини САД , Кина и Русија за нестабилноста во светот

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер изјави денеска дека меѓународната политика влегува во „темна ера“, за што се одговорни  САД, Русија и Кина.

„Денес сме сведоци на сè погубната динамика во светската политика. Од година во година се оддалечуваме од целта, меѓународната соработка и мирот во светот“, рече Штајнмаер на отворањето на безбедносната конференција во Минхен.

„Враќањето на националните интереси не води во ќорсокак, во мрачни времиња“,рече тој пред светските лидери собрани во главниот град на Баварија.

Тој ги обвини Русија и Кина за несигурноста и недовербата во светот, како и неговиот сојузник, Соединетите држави. „Нашиот најблизок сојузник ,САД под сегашната администрација ја отфрла идејата на меѓународната заедница“, рече Штајнмаер.

„Повторно е голема, дури и на штета на соседите и партнерите“, истакна Штајнмаер, алудирајќи на главната идеја на американскиот претседател Доналд Трамп за „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Тој рече дека Русија „ воената сила и промената на границите во Европа ги направи повторно политичка алатка“ и ја критикуваше Кина за „преземање на меѓународното право селективно кога тоа ќе користи на нејзините интереси“.

Исходот е „зголемена недоверба, поголемо вооружување, помалку безбедност, до следната трка во нуклеарно вооружување“, предупреди германскиот претседател.

Како одговор на однесувањето на светските сили, Берлин е подготвен да преземе поважна улога во меѓународната заедница, посочува тој.

„Германија треба да го зголеми својот воен буџет со цел да придонесе за европската безбедност и да го зачува сојузот со САД, имајќи предвид дека американските интереси се префрлаат од Европа во Азија“, рече Штајнмаер.

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

Одлика на ДПМНЕ се бојкоти, блокади и црни сценарија.

Го бојкотираа Киро Глигоров во 1993, кога требаше да влеземе во Обединетите Нации. Го бојкотираа и референдумот за членство во НАТО, го бојкотираа пописот и членството во ЕУ.

Ги бојкотираа најважните моменти од нашата независност и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никакво право да зборува за нечиј бојкот.

На 27-ми април, 2017-тата година ВМРО-ДПМНЕ дозволи најобични насилници и силеџии да влезат во парламентот, да тепаат пратеници, да кренат рака на новинари, собраниски служби и да го погазат уставниот поредок на држата.

Со бојкот, црни сценарија и насилство држава не се гради.

На 8-ми мај, граѓаните треба масоввно да излезат на гласање и да не дозволат повторно да се врати режимот во најава.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Поразот на власта е катастрофален. СДС изгуби повеќе од двојно на 24ти април, потребно е на 8ми мај победата на ВМРО-ДПМНЕ да биде уште поголема.

Големата победата ќе отвори пат за влада без уцени. Големата победа ќе потопи секакви надежи на Ковачевски кој на Ахмети му ветува и премиер, само за да владее некако.

Ковачевски го потценува народот. И не сфаќа дека поразот кој го претрпе, се должи и на тоа што државата ја даде на тацна на бандитите од ДУИ.

Масовната излезност и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати СДС и ДУИ во опозиција, и ќе отвори пат за економска трансфромација на Македонија.

Време е државата да ја вратиме во рацете на народот. Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

притисни ентер