Германската полиција изврши претрес во домовите на осомничените за антисемитски објави

Германските власти денеска извршија рација во домовите на 17 жители на сојузната покраина Баварија обвинети за антисемитски објави на социјалните мрежи. 

Осомничените се 15 мажи и две жени, на возраст меѓу 18 и 62 години, објави германската новинска агенција ДПА.

Полицијата ги испрашала осомничените и ги одзела телефоните и лаптопите што ги нашле во нивните домови како потенцијален доказ.

Во соопштението на полицијата се вели дека осомничените ги величеле нападите извршени од членовите на палестинската вооружена група Хамас врз Израел на 7 октомври.

Тие се обвинети и за користење симболи на забранета терористичка организација, како и за говор на омраза против Евреите на социјалните мрежи.

Полициската операција беше фокусирана на главниот град на Баварија, Минхен, каде што живеат деветмината обвинети. Полицијата извршила рација и во градовите Фисен и Кауфбојен. /МИА

Над еден милион странци живеат во Истанбул, од кои половина се Сиријци под привремена заштита

Повеќе од еден милион странци живеат во Истанбул, а половина од нив се Сиријци под привремена заштита во земјата, покажуваат податоците објавени од турското Министерство за внатрешни работи.

Според регистрите на Генералниот директорат за миграциски прашања, во градот на Босфор живеат вкупно 1.087.017 странски државјани со дозволи за престој.

Речиси половина од странците кои живеат во Истанбул се Сиријци - 530.612 лица. Тие се под привремена заштита на турската држава.

Под меѓународна заштита во метрополата се вкупно 3.252 странци, покажуваат податоците./МИА

Ребров: Многу важна победа за тимот и за државата

Селекторот на Украина, Серхи Ребров, беше исклучително задоволен од духот што го покажаа неговите играчи за победа од 2:1 против Словачка.

-Многу сум среќен за играчите. Реагиравме многу добро откако примивме гол. На полувремето променивме некои работи во однос на високиот пресинг. Играчите кои дојдоа од клупата ни помогнаа да ја подобриме нашата игра. Најважно е дека го покажавме нашиот дух. Мора да се фокусираме на следниот натпревар, но тоа беше многу важна победа за тимот и за земјата. Не викав на полувремето, само требаше да реагираме. Знаевме дека не притискаме доволно високо и ова беше нашата единствена шанса. Така им кажав на играчите“, изјави Ребров.

Ребров зборуваше и за својата одлука да стартува со Анатолиј Трубин на голот.

-Мило ми е што имаме добра конкуренција меѓу голманите. Мислам дека Трубин заслужи шанса по настапот против Германија. Беше многу мирен и можеше да започне пред овој натпревар, истакна тој. /МИА

Аргентинскиот претседател Милeи ја почна својата европска турнеја

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи попладнево пристигна во Мадрид, започнувајќи ја својата турнеја низ Европа, во која ќе биде вклучена и Германија, јави ДПА.

Тој беше игнориран од шпанската левичарска влада и од кралот Фелипе Шести, со кого нема предвидена средба.

На предизборен митинг за европските избори, организиран од шпанската партија „Вокс“ во мај, Милеи го нападна шпанскиот премиер Педро Санчез и ја нарече неговата сопруга Бегоња Гомез „корумпирана“.

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, пак, го обвини Милеи дека ја напаѓа шпанската демократија, шпанските институции и Шпанија како целина. Милеи го отфрли барањето за јавно извинување и оттогаш продолжува со вербалните напади.

Во рамките на посетата, аргентинскиот лидер има планирана средба со премиерката на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, која е претставник на конзервативната Народна партија.

Милеи се очекува утре да биде во Хамбург, а в недела во Берлин ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц. Последната станица од европската турнеја на аргентинскиот претседател е Чешка./МИА

притисни ентер