Германија целосно ја менува стратегијата за заштита од коронавирусот

На состанокот на министрите задолжени за борба против короната, германскиот министер за здравство Јенс Шпан бил задолжен за изготвување на ново законско решение - ако е можно - пред парламентарните избори на 26 септември, пишува Дојче веле.

Тој сака што поскоро да воведе систем што ќе одговара на бројот на пациенти со коронавирус кои се лекуваат во болниците. Во изјава за германскиот јавен сервис АРД, министерот рекол дека инциденцата е се` уште важна, но дека времето за тој критериум поминало бидејќи голем број луѓе биле вакцинирани во Германија. На прашањето дали ќе се воведе ново заклучување на есен доколку се зголеми бројот на заразени, Шпан одговорил: „Сигурно нема да има заклучување за вакцинираните и оние што ја прележале короната“.

Но, бројот на нови инфекции веќе нагло расте поради многу заразниот сој на вирусот ,делта. Просечната инциденца во Германија е 58, а во најнаселената германска провинција, Северна Рајна-Вестфалија, веќе надминала сто.

Тој тренд го загрижува д -р Јанош Дамен, здравствен експерт од опозициската Партија на зелените во германскиот парламент. „Тешко е да се одолее на впечатокот дека ова е помалку за здравствена заштита и повеќе за помош на кампањата на премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, кој се кандидираше за канцелар и во чија провинција пандемијата во моментов е надвор од контрола“, рече докторот за Дојче веле.

Коментирајќи ја одлуката да се откажат од критериумот за 50 нови инфекции неделно, Дамен додава дека потегот на владата изгледа „недовршен“. „Не е јасно каква улога ќе играат инциденците во иднина“, рече политичарот. „Исто така, не е јасно каква ќе биде границата за бројот на лица заразени со корона во болниците“. Во моментов има само 1,3 пациенти со корона на 100.000 жители во германските болници. Иако вакцинираните луѓе, исто така, можат да бидат заразени со вирусот, болеста е обично блага, па затоа ретко мора да одат во болница.

Германските социјалдемократи (СПД), исто така, ја поддржале одлуката за укинување на критериумите за инциденца, но не сакаат министерот Шпан да ја добие целата слава. Особено кога доаѓаат избори. Пратеникот на СПД Дирк Визе се жалел во интервју за Т-Онлајн дека нивните коалициони партнери од ЦДУ / ЦСУ „упорно ги отфрлаат предлозите на СПД за отфрлање на критериумот за инциденца“ и со тоа губат време за редовно менување на законот.

Значи, новиот план на владата е следниот: оние што се вакцинирани и оние што ја прележале короната ќе можат слободно да одат во ресторани, кафулиња, кина, базени и спортски сали. И оние кои не се вакцинирани, сепак ќе треба да се тестираат, а од 11 октомври сами ќе треба да платат за тие тестови. Така вели Армин Лашет, конзервативен кандидат кој се надева дека ќе ја наследи Ангела Меркел.

„Поаѓам од фактот дека вакцинацијата ќе продолжи да напредува, дека нема да има ограничувања за вакцинираните и дека, пред се` нема да има заклучување“, оизјавил Лашет за германскиот весник Билд.

Има и такви кои малку поинаку гледаат на ситуацијата, како што е претседателот на Здружението на семејни лекари во Берлин и Бранденбург, Волфганг Крајшер. Тој вели дека властите треба да продолжат да ја следат инцидецата. „Но, на политичарите им се потребни аргументи за да избегнат ново заклучување, и тие можат да го сфатат тоа“, рече докторот за Дојче веле.

Повеќе од 59 проценти од населението во Германија веќе добило целосна заштита од инфекција со коронавирус, па проблемот се останатите 40 проценти. „Кога толку многу луѓе се незаштитени, инциденцата од околу 200 веќе би била знак на аларм“, предупредува Крајшер. Тој вели дека треба да се зголеми притисокот врз оние кои избегнуваат вакцинацијата.

И министерот за здравство предупредува дека три клучни правила се уште важат за секого: маски, дистанца, хигиена. Но, колку е поголем бројот на вакцинирани во Германија, толку се повеќе невнимателни - и ова придонесува за зголемениот број на заразени.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер