Герасимовски: Решен децениски проблем на улицата ,,Наум Наумовски Борче"

Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче".

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.

Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.

На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.

„Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми", им се обрати Герасимовски на собраните жители.

Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.

Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

Општина Центар

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај.

Во услови на влошена економско-социјална положба на работниците, единствен гарант се само силни синдикати.

Независни цврсти, добро организирани и меѓусебно координирани синдикати можат да ги штитат и унапредуваат правата на работниците.

Слабо платените работници и други работоспособни граѓани ја напуштаат Македонија. Ваквата состојба е резултат на вкупните лоши политики и негрижата на власта и работодавците кон тие што работат и создаваат нови вредности.

Демократскиот сојуз е прва партија која во МакедонскиотПарламент предложи минимална плата, како што предлагаме и дефинирање на минимална пензија.

Повеќе од јасно е дека е неопходен системски пристап и вреднување на трудот на секој вработен, но без реформи и борба против високата корупција состојбите нема да се променат.

Според Павле Трајанов:

"НАРОДОТ НЕ МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО ВЛАСТА МОЖЕ ДА УКРАДЕ"

Демократскиот сојуз ги повикува синдикатите, на претстојните избори да се вклучат во промените.

Демократски сојуз

Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом

Определен е притвор во траење од 30 дена за И.Ј.(37) од Скопје во КПУ Затвор - Скопје, за кого ќе биде изготвена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик. 

Како што информира МВР, полицијата по преземени оперативни мерки и активности вчера го лишила од слобода И.Ј.(37) од Скопје.

При претрес во неговиот дом во Сопиште, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин, семки од растение, три дигитални ваги со остатоци од дрога.

Следува период на променливо облачно време со локален дожд

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.

притисни ентер