Генералниот секретар на СДСМ , Николовски на средба со делегација на ЕУ во државава

Партиска делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Љупчо Николовски, оствари средба со делегација на ЕУ во земјава предводена од Елса Фанет,  Шефица на Дивизијата за Западен Балкан при Европската служба за надворешни акции .

Според соопштението на СДСМ, на средбата на која присуствуваше и меѓународниот секретар на СДСМ, Дане Талески, се разговараше за актуелните политички случувања во земјата, процесот на реформи, но и за престојните предвремени парламентарни избори.

Недобивањето на датум за преговори со ЕУ , предизвика големо разочарување кај граѓаните и огорченост. Тоа што ЕУ не успеа да донесе одлука за отворање преговори со нашата земја го оценивме како историска грешка. Особено што испорачавме се што беше потребно. Но тоа е одлука на Унијата, ние продолжуваме уште позасилено да работиме. Членството во ЕУ нема алтернатива, рече секретарот Николовски.

Николовски информираше за новиот систем на работа и делување на СДСМ кој се постави во партијата, за секојденвите активности на терен, меѓу граѓаните, за постапката околу креирањето на нови политики и новата изборна програмата на партијата. СДСМ денеска е подготвена, мобилизирана, мотивирана и активна на сите нивоа, спремна да одговори на потребите на граѓаните.

На средбата се отвори и темата за владеење на правото, независноста на судството како и застарувањето на случаи. Од страна на СДСМ беше истакнато дека токму незаинтересираноста и неподготвеноста на судството да решава случаи на висока корупција поврзани со криминалот на Никола Груевски и режимот ја создава сликата на недоверба во самиот судски систем .

Залагањата на СДСМ како партија се започнување на постапка за целосен ветинг на сите судии, процес кој ќе започне веднаш по формирање на новата Влада предводена од СДСМ.

Нашите стратешки цели остануваат да бидат членството во НАТО кое го очекуваме во најскоро време и секако влезот во ЕУ. Покрај овие стратешки цели економијата е таа на која што ставаме главен акцент, преку реформите кои досега ги спроведуваме и даваат реални резултати, а бројките тоа го потврдуваат. –посочи Николовски.

Од делегацијата на ЕУ во РСМ, беше истакнато дека продолжуваат со поддршката на нашата земја во евроинтеграциите но и внатрешните реформи,како и спроведувањето на европските стандарди во институциите, во државата.

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски со порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака:

„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.

Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.

Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање.

На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите.“, соопштуваат од неговиот кабинет.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер