Наводно, неговата поранешна жена го изневерила, а тој „само продолжил со животот“.
Бразилскиот фудбалер Хулк Џиванилдо Виеира де Соуза (38), кој моментално игра за Атлетико Минеиро, повторно ќе застане пред олтарот, но овој пат со Камила Анџело (35), внуката од брат на неговата поранешна сопруга. Според извештаите на порталот Леодијас, црковната свадбена церемонија е закажана за декември, иако парот веќе имал граѓанска венчавка во 2020 година. Свадбата се очекува да биде на плажата во Параиба, додека точниот датум сè уште не е потврден.
Она што е интересно во оваа приказна е дека Хулк и Камила, иако не се во крвно сродство, технички веќе биле во истата фамилија пред да ја започнат својата врска. Имено, Хулк претходно бил во брак со тетката на Камила, Иран Анџело, со која бил во брак 12 години.
За време на тој брак, двојката добила три деца, синовите Јан и Тијаго и ќерката Алиса. Нивниот брак завршил во 2019 година, а само пет месеци подоцна, Хулк започнал врска со Камила.
Иако бракот со Иран беше бурен и во медиумите често кружеа гласини за нивните проблеми во односот, Хулк реши отворено да проговори за својот живот. Во неколку наврати истакна дека не ја изневерил поранешната сопруга со Камила, туку дека нивната врска се развила спонтано откако му завршил бракот.
- Не бев со Камила додека бев во брак. Не бев среќен во тој брак. Имавме многу проблеми, таа ме изневери, а јас сакав да продолжам понатаму – изјавил Хулк во едно интервју објаснувајќи ги причините поради кои го завршил бракот со Иран.
Откако ја објави врската со Камила, парот стана предмет на медиумски шпекулации, но и покрај сè нивната љубов продолжува да расте. Годинава тие добија и второ дете, ќерката Ајша, која долго време ја криеја од јавноста. Среќната вест за бременоста, Хулк ја сподели на социјалните мрежи, а на децата од претходниот брак среќната вест им ја соопштил дури кога дошол да ги земе за заедно да ги поминат празниците.
- Им благодарам на сите за пораките во врска со бременоста на мојата жена. Добив уште едно дете, уште еден благослов од Бога. Моите деца не знаеја досега, но се договоривме да им кажеме кога ќе дојдат кај мене - изјавил Хулк преку снимка на Инстаграм.
Инаку, одделни детали од нивната врска предизвикаа мешани реакции во јавноста, многумина забележаа дека физичката сличност помеѓу тетката и внуката е дури и морничава, па го критикуваа фудбалерот.
- Морничаво е, тие две како да се близначки.
- Можеби со него нешто не е во ред.
- Овде работите не се чисти – беа само дел од коментарите во медиумите ширум светот.
Меѓутоа, тој и Камила продолжуваат да уживаат во животот, чекајќи ја декемвриската церемонија, која ќе биде шлаг на тортата на нивниот несекојдневен, но очигледно среќен заеднички живот.