Фрчкоски и Мемеди се враќаат на консултации во Скопје, ќе бидат ли отповикани?

Злоупотреба на службената картичка за авионски билети и непочитување на насоките давани од екс – шефот на дипломатијата Османи се дел од причните поради кои македонскиот амбасадор во Обединетите Нации Љубомир Фрчкоски е повикан на консултации. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Јанчев: Денот е резервиран за расчистување на остатоците од огнените стихии во фабриката Ником

Денот е резервиран за расчистување на остатоците од огнените стихии во фабриката Ником, во која изби сериозен пожар со кој службите се бореа цела ноќ.

На терен работат ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и општествено одговорните фирми АС Машини, Градба Промет, Кожувчанка, сопствениците на фабриката и секако градоначалникот Митко Јанчев.

Кавадарчани сплотени, како и секогаш!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Мицкоски и Николоски во ЈП за државни патишта: Македонија се ослободува од криминалот

За овие два месеци десеткратно е подобрена сотојбата во ЈП за државни патишта. 

Тоа го покажуваат финансиските резултати. Исто така ако во ЈП за државни патишта за 1 милион и 100 илјади евра е подобрена состојбата, ако во УЈП за 40 % е зголемена наплатата или во Царина за 20 %, можеме да замислиме какви пљачки се правеле досега, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицковски при денешната посета на ЈП за државни патишта заедно со потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Премиерот Мицковски потенцираше дека за овиe два месеци со напoрнa работa на ЈПДП и Министерството за транспорт, состојбата во Државни патишта полека се стабилизира и уште еднаш јавно го повика Јавното обвинителство да ја истражи секоја соомнителна постапка и пријава за незаконско работење на државните институции.

“Ова Јавно претпријатие полека се стабилизра и се ослободува од криминалот. Сегашната состојба во ЈПДП ме радува бидејќи работата се стабилизира. Со посветена работа на тимот од ЈПДП и на потпретседателот на Владата и министер за транспорт Николоски, од состојба 10 спрема 1 во долгови, сега состојбата е десеткратно подобрена и е тука некаде. Македонија беше обремена од криминал од епски размери, бевме сведоци на криминално однесување на Владата предводена од СДСМ и ДУИ и затоа го повикувам Јавното обвинителство да си ја заврши својата работа и да ја испита секоја пријава за незаконско работење”- изјави Христијан Мицковски, претседател на Владата.

Министерот за транспорт Николоски потенцираше дека затекнатите состојби биле катастрофално лоши со заглавени проекти од неколку години, но дека најголем дел од проблемите се надминати и следи период во кој засилено ќе се работи на реализација на капиталните проекти.

“Да го земеме проектот за експресен пат Градско-Прилеп, заглавен повеќе од една и половина година заради административни работи. За кратко ја решивме состојбата, проектот го одглавивме и набрзо граѓаните ќе можат да возат по нов пат. Имаме одлична соработка со ЈП за држави патишта, на дневна и неделна основа ги решаваме најголемите проблеми со автопатот Кичево-Охрид и автопатиштата на Коридор 8 и 10. Следи период на стабилизација што не радува, во истовреме го повикувам Јавното обвинителство да си ја работи работата и да почне да ги истражува сите сомнителни работи”- изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека состојбата со сметката во претпријатието била во многу лоша состојба со преку 1 милијарда денари долгови, но дека за две месеци состојбата значително е подобрена.

“ Не се плаќало факутри од февруари кон Македонија пат за извршени работи и кон Министерството за финансии за ануитети за доспевани долгови. На сметката имавме 90 милиони денари и долг од преку 1 милијарда денари. Со домаќинско работење за кратко време на сметка имаме 1,1 милијарда денари и долг од 1,3 милијатрда денари што десетпати е поодбрено прибирањето на приходите. Исто така од наплата на патарина за споредба само во месец јули имаме зголемување од наплатата за 66 милиони денари или 1,1 милион евра плус отколку минатата година, што не радува”- изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

Владо Јаневски е добитник на наградата „Стојан Христов“

Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво.

Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, а во рамки на „Струшките вечери на поезијата“.

Жири-комисијата во состав Митко Гогов (претседател), Иван Шопов (член) и Игор Трпески (член) од пристигнатите пет книги, одлучи ова признание да го додели на Јаневски за поетската збирка „На грбот на неповратот“.

- Поетската збирка „На грбот на неповратот“ од македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија несомнено се издвојува од останатите по квалитетот, поетскиот пристап, како и естетските вредности со кои се одликува. Јаневски пишува приказно и прецизно, стилски префинето, а стиховите се надоврзуваат ритмично, честопати со наративните тонови балансирајќи помеѓу личното и колективното, интимното и општочовечкото. Песните се испишани со куси, слободни стихови, а тоновите во нив се меланхолични, рефлексивни, на моменти мрачни, но и имплицитно бунтовни. Евидентна е и јасно видлива грижата за структурата на книгата при поделбата на пет тематски кохерентни циклуси, кои сочинуваат цврста заокружена целина - соопшти жири-комисијата.

притисни ентер