Франкел: МКС сака да се смета за респектабилна организација,но нивниот налог има политичка цел

Налогот за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху издаден од Меѓународниот кривичен суд има политичка цел, вели израелската амбасадорка Симона Франкел во интервју за Канал 5. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Скандал во Кина: Министерот за одбрана е под истрага поради корупција

Кина започна истрага против својот министер за одбрана, адмирал Донг Јун, за наводни коруптивни активности, последниот скандал што го погоди врвот на Народноослободителната армија (ПЛА), објави Фајненшл тајмс.

Донг Јун бил назначен за министер за одбрана во декември 2023 година, откако неговиот претходник, генералот Ли Шангфу, бил разрешен поради корупција.

Според американски официјални лица, Донг се истражува како дел од поширока антикорупциска акција на ПЛА, трет последователен случај на кинески министер за одбрана под истрага за сомневање за корупција.

Ли Шангфу беше сменет по само седум месеци на функцијата, заменувајќи го Веи Фенг, кој исто така беше под истрага за корупција откако ја напушти функцијата.

Американските власти веруваат дека претседателот Си Џинпинг спроведува бран истраги за ПЛА, вклучувајќи го и Донг Јун, иако не е јасно на што точно укажуваат конкретните обвинувања против него.

Министерството за одбрана на Кина не сакало да ги коментира овие наводи.

Истрагата била откриена една недела откако Донг присуствувал на состанокот за одбрана во Лаос, каде што одбил да се сретне со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Пекинг го обвини Вашингтон за „инцидентот“, тврдејќи дека САД се одговорни затоа што неодамна одобриле пакет со оружје за кинескиот регион Тајван, кој за прв пат вклучува напредни ракетни системи.

Истрагата против Донг Јун навестува дека Си ја проширува својата борба против корупцијата во ПЛА, посочува лондонскиот весник.

Покрај претходниците на Донг, кинескиот претседател претходно разреши двајца високи офицери кои раководеа со одделот за ПЛА задолжен за кинеската нуклеарна програма.

Кинескиот министер за одбрана ја има функцијата на меѓународен претставник на ПЛА, додека вистинската воена моќ е во рацете на потпретседателот на Централната воена комисија, што значи дека министерот не е најважниот воен функционер во земјата, забележува британскиот весник.

ВМРО-ДПМНЕ: Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не можеа сам да стои на свои нозе во политиката. 

По изборот на Централниот одбор во кој има само поранешни функционери на СДС од времето на Заев, како и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска која се бореше со сите сили да го устоличи Заев за премиер и вечерва со изборот на потпретседателите, како и генералниот секретар, така и двајцата организациски секретари докажа дека нема ништо ново освен стари излитени кадри.

Свежина и промени во СДС не се ни на повидок, наводните промени не се ништо друго освен продолжување на политиката на Заев.

Потпретседателите се само продолжена рака на Заев кои во негово време беа стоти ешалон сега му ги нуди на Филипче за во прв.

Потпретседателите се без исклучок случи на Заев. Поранешната министерка за животна средина е потрчко на Заев. Ана Чупеска Станишева, професорка на Правниот факултет во Скопје Јустинијан Први е позната во јавноста по налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор. Кристина Костова која како печат од своето делување ја има само Шарената револуција.

Едно е јасно светлина во тунелот наречен СДС нема, има само стари рециклирани кадри кои му служат на Заев што говори и дека тој ќе ја води партијата, а не Филипче, се наведува во партиската реакција.

Воен авион се урна на пешачки премин во Еквадор, луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Двајца пилоти кадети загинаа при пад на воен авион, кој се урна на прометна пешачка патека во Еквадор.

Во авионската несреќа се повредени уште две лица. Еквадорските воздухопловни сили ги идентификуваа жртвите како капетан Дијана Руиз и кадетот Хуан Пачеко, објави Дејли Меил.

Авионот DA20-C1 со две седишта се урна за време на тренинг лет на пешачка патека во градот Ла Либертад.

На видеото од надзорните камери, кое се шири на социјалните мрежи, се гледа како авионот удира во преминот. Во несреќата повредени се и двајца мотоциклисти.

По несреќата, луѓето се приближиле до леталото и се обиделе да ги извлечат и спасат пилотите.

Авионот го користеле воздухопловните сили за обука на идните пилоти.

„Институциите во моментов ги спроведуваат сите законски процедури и даваат поддршка на семејствата погодени од непоправливата загуба. Ние стоиме во солидарност со семејствата на нашите колеги“, се вели во соопштението.

Дијана била искусен пилот, а поради нејзините вештини колегите ја нарекувале „Суперсонична жена“. Таа се приклучила на воздухопловните сили во 2007 година кога Еквадор им дозволи на жените да се приклучат во војската.

притисни ентер