Французинот Маршан исплива до златото на 400 метри мешано рушејќи го олимпискиот рекорд

Францускиот пливач Леон Маршан стана олимписки шампион на 400 метри мешано на Игрите во Париз.

Дваесет и двегодишниот спортист патеката ја преплива со време 4 минути 2,95 секунди. Тој го собори олимпискиот рекорд на познатиот американски пливач Мајкл Фелпс (4:03.84).

Јапонецот Томојуки Мацушита го освои среброто, додека Американецот Карсон Фостер го освои бронзениот медал.

Бостон ги победи Клиперс и ја продолжи победничката серија на шест натпревари

Шампионот Бостон селтикс ноќеска на домашен терен ги победи Лос Анџелес клиперс со резултат 126:94 во натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата.

Најефикасен на паркетот беше гостинскиот центар Ивица Зубац, кој постигна 23 поени и забележа 10 скока. Кај домаќините Пејтон Причард и напаѓачот Џејсон Тејтум дадоа по 20 поени.

Бостон ја продолжи победничката серија на шест натпревари и е на второто место во Источната конференција со 15 победи.

Клиперси се на седмото место со 11 победи.

Пентагон не гледа знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

Американското Министерство за одбрана нема податоци што укажуваат на тоа дека севернокорејски војници се присутни на окупираните украински територии или се упатуваат таму.

Тоа синоќа на брифинг го изјави заменик-портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, јавија украински медиуми.

„Нема знаци дека има севернокорејски војници во Украина“, рече портпаролката одговарајќи на новинарско прашање.

Таа истакна дека Пентагон може да го потврди присуството на севернокорејски војници во руската област Курск, што граничи со Украина. Според неа, не е забележано движење на севернокорејски војници на украинска територија.

Маск се залага борбените авиони да се заменат со дронови

„Во ерата на беспилотните летала, борбените авиони се застарени и нивниот единствен резултат е смрт на пилотот“, објави Маск, шеф на вселенската компанија SpaceX и автомобилската индустрија Тесла, на својата платформа Икс.

Милијардерот Илон Маск, кој е назначен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја води комисијата за намалување на трошоците на федералната влада, изјави синоќа дека борбените авиони треба да се заменат со беспилотни летала бидејќи тие се иднината на судирите во воздух.

„Во ерата на беспилотните летала, борбените авиони се застарени и нивниот единствен резултат е смрт на пилотот“, објави Маск, шеф на вселенската компанија SpaceX и автомобилската индустрија Тесла, на својата платформа Икс.

Зборувајќи за најсовремените борбени авиони на Локхид Мартин, што се сметаат водечки на американските ВВС откако стапија во служба во 2015 година, Маск рече дека „идиоти се уште градат борбени авиони со екипаж како што е Ф-35“. Покрај тоа, тој објави видео од стотици дронови „во формација“ во воздухот.

Стелт авионот од петта генерација, Ф-35 неодамна беше предмет на извозни договори за Романија, Полска, па дури и Германија.

Развојот на тој авион беше бавен поради неговата сложеност, особено компјутерските програми, а неговите оперативни трошоци беа многу високи.

„Дизајнот на F-35 не успеа во однос на поставените предуслови...Ф-35 стана комплексна машина без никаква борбена посебност", наведе Маск.

притисни ентер