Француски „Репортер": Преспа, рај на дива природа во срцето на Балканот

Речиси 50 години, Преспанските езера беа отсечени од светот, во корист на дивата природа.

Денес, оваа погранична област меѓу Македонија, Албанија и Грција смета на екотуризмот за да ја спречи силната емиграција на нејзините жители, пишува во опширната репортажа францускиот портал „Репортер", посветен на екологијата, пренесува дописникот на МИА.

Репортерот Луј Сејер уште на почетокот на репортажата ги водедува своите читатели во „рајот" наречен Преспа, регион кој скоро цели педесет години поради железната завеса ги подели луѓето, но геополитиката беше во полза на природата.

Преспа, со своите езера вгнездени на 850 метри надморска височина е „жариште на биолошката разновидност". Разновидни живеалишта кои нудат импресивна фауна и флора: 1.500 видови растенија, 270 видови птици, 9 видови ендемични риби, присуство на сите големи европски месојади итн.

–Преспа е едно од најважните мочуришта во Европа, вели Даниела Заец од Македонското еколошко здружение. – Како што ги делиме овие езера меѓу нашите три земји, важно е да работиме заедно за да постигнеме вистински резултати во заштитата на природата, вели таа.

Островите, паднати како карпа од небото во средината на езерото, летовите на пеликаните и коромораните кои скоро ве допираат, рибите, змиите, смоквите, старите преспански езера се денес зелен појас на европскиот континент.

„Преспа Нет" ги поврзува македонските, грчките и албанските еколошки здруженија. За да ги извршуваат своите проекти, тие првенствено се потпираат на локалното население, чии услови за живеење честопати биле тешки. Дури и денес, повеќето млади луѓе го напуштаат регионот поради недостаток на перспективи.

Репортерот го опишува селото Брајчино, преку Борис кој ја побара како многумина од селото својата среќа преку другата страна од океанот, а денес во својата старост го ужива чистиот воздух на Преспа. Но полека животот се враќа во Преспа, куќите се обновуваат, се развива еколошкиот туризам. Странските туристи доаѓаат да вкусат мед и локалната ракија. Македонците се учат од примерот од нивните комшии од Грција, кои се понапред во туризмот. Но за да се помине на другата страна од границата, треба да се направи заобиколување од 130 километри. По Брајчино, патот завршува, затворен со бариера и знак за застанување: малиот граничен премиен е затворена веќе 50 години со воениот удар во Грција. Една темна страница за регионот, наскоро свртена. Благодарение на договорот на Преспа за името на земјата – да стане Северна Македонија – склучен во 2018 година помеѓу грчката и македонската влада, патот треба повторно да биде отворен.

Отворањето на границата е она за што се надева Нонас Стергиос, производител на зеленчук и горд дека произведува органска храна од 2002 година.

Ако регионот на Преспанското Езеро воодушевува со своите природни убавини, исто така, тој ќе ги израдува љубителите на историјата. Грците, Римјаните, Византијците, Османлиите … последователните сили ги обликуваа овие езера, населени со човекот од неолитот, како што беше потврдено од страна на некои локации кои датираат од 7.000 п.н.е.

Од една граница до друга, посетителот, исто така, може да направи скокови во времето, меѓу индустриските култури на грчката страна и егзистенцијалното земјоделство на албанската страна. Јазиците се разликуваат, како и начините на живеење. Во овие граници на Европа, каде што судбината на народите често се играше на друго место на континентот, културите се мешаат. Македонците, Грците и Албанците живеат, се разбира, околу езерото, но и Ромите, Ароманите или другите “малцинства”.

Репортер го дава примерот на Цвета Трајче од малото македонско малцинство кое живее во селата долж албанските брегови. Тука, потрошувачкото општество изгледа далеку, а работата на земјата е тешка. На ридовите, старите жени со шарени марами се наведнати на малите парцели со чај или житни култури. Тука сè е домашно семејстватаго произведуваат она што го јадат, леб, млеко, зеленчук, мед, вино … но не можат да ги продадат, вели Трајче, која само дипломирала на курс за обука за природни водичи, финансиран од германската држава.

Додека овој дел од Преспа сега се отвора за туризам, една од целите на невладините организации е да се направат овие природни производи достапни и да се подобрат слабите приходи на жителите. – Важно е да им се даде на младите желба да останат, без разлика дали имаат идеи за тоа како и каде да инвестираат”, објаснува Трајче за „Репортер". /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер