Француски прволигаш суспендира 6- годишен навивач, причината е неверојатна

Сосема необична вест доаѓа од Франција, каде член на елитниот Авр суспендира шестгодишен навивач!

Локалниот „Лекип“ наведува дека бил обвинет за фрлање проектили во средината на второто полувреме на мечот против Ремс (0:3) на почетокот на ноември, додека „проектилите“ всушност биле празни хартиени чаши и хартиени топчиња, кои најверојатно ги фрлил кон својот пријател.

Сепак, тие слетале на работ од теренот, надвор од рекламните панели - иако никого не погодиле.

- Малку е тажно, но мораме да дејствуваме по овие прашања и во однос на зголеменото лошо однесување. Треба да ја подигнеме свеста кај оние кои нѐ следат и да покажеме дека стадионот мора да остане место за славење, а не место за исфрлање гнев – велат од клубот.

Овој инцидент е забележан во извештајот на делегатот. Користењето на видео надзор овозможило да се идентификува малолетникот, кому потоа му е забранет влез на стадионот неколку месеци, како и на неговиот старател (кој ги купил и ги држел билетите). Неговите родители биле контактирани од клубот и по пошта известени за одлуката, што тие не ја оспориле. Суспензијата вклучувала натпревари против Анже, како и Стразбур (во декември) и Ленс (во јануари).

Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто вчера изјави дека меѓународната заедница мора да преземе акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток со оглед на влошената ситуација во Либан и во Сирија.

Тој, на прес-конференција по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, истакна дека кризата на Блиски Исток била прва точка на дневниот ред на средбата, со оглед на опасната ситуација во регионот, што претставува закана за безбедноста, не само во Европа, туку и во целиот свет.

- Унгарија продолжува да ги поддржува христијанските заедници во Либан и ги одржуваме нашите програми за обнова на христијанските цркви, помош на христијанските заедници и функционирање на христијанските институции, посочи Сијарто.

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Најниска темпратура утрово од -2 степена е измерена на Попова Шапка, а највисока во Гевгелија 8 степени.

Како што информира УХМР, во Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 2 во Берово, 3 во Крива Паланка, Битола и Дебар, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Тетово, Претор, Прилеп и Охрид, 5 во Скопје-Петровец, Виница и Демир Капија и 6 во Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.

Висината на снежната покривка утрово изнесува 48 сантиметри во Маврови Анови, 39 на Попова Шапка, 25 во Крушево и 10 сантиметри во Лазарополе.

За изминатите 24 часа најмногу воден талог од 4 литри на метар квадратен има во Прилеп, 3 на Попова Шапка, 2 во Крушево, Тополчани и Претор и 1 литар на метар квадратен во Битола, Охрид, Дебар и Лазарополе.

Денеска во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Во ноќните часови во западните делови на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Максималната температура ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе преовладува променливо облачно и тивко време. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Поднесено обвинение за „див“ паркинг во Чаир

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар. Земјиштето во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, односно забрана да го користи предметното земјиште.

притисни ентер