Француска компанија побара дозвола за продажба на паштета од месо добиено во лабораторија

Премиум сегментот отсекогаш бил водечки во трендовите на храна затоа што во него се случуваат највозбудливите иновации.

Француската прехранбена компанија „Гурме“ поднесе барања до пет служби задолжени за безбедност на храната, меѓу кои и до Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА), за добивање овластување за продажба на паштети од гускино месо произведено во лабораторија.

Компанијата, чие седиште е во Париз, денеска соопшти дека покрај до ЕФСА, поднела барања и до управите за безбедност на храната на Велика Британија, Сингапур, САД и Швајцарија, за дозвола за продажба на своите производи од гускино месо добиено од клетки во лабораториски услови, кои ќе биде „нов извор на задоволство за љубителите на паштети“.

- Премиум сегментот отсекогаш бил водечки во трендовите на храна затоа што во него се случуваат највозбудливите иновации. Сведоци сме на возбудлива комерцијална заинтересираност за нашиот прв ваков производ во многу региони каде готвачите сакаат да продолжат да служат висококвалитетна паштета, изјави извршниот директор на „Гурме“, Никола Моран-Форест.

Тој додаде дека со нетрпение ја очекува соработката со надлежните регулатори тела со цел да се обезбеди усогласеност на новиот производ со безбедносните барања, особено во ЕУ каде, според него, поставените стандарди за безбедност на храната „бараат многу“ од производителите.

Лабораториски добиеното месо се произведува со користење на примерок од вистински животински клетки и се развива во опкружување богато со хранливи материи, формирајќи мускули, маснотии и сврзни ткива. Во ваквото месо обично се користи говедски фетален серум, за што е потребно да се заколи крава, што го прави „етички проблематично“ за вегетаријанците и веганите.

Но, „Гурме“ тврди дека во производството на неговата нова паштета не биле користи компоненти од животинско потекло, однос дека е добиен производ без да биде заклано животно. Дополнително, компанијата тврди и дека врз основа на студија изработена од надворешни експерти, нејзиното влијание врз животната средина ќе биде значително помало отколку при конвенционалното производство на паштети.

Месото добиено во лабораторија, според регулативите на ЕУ, се третира како „нова храна“, правна дефиниција која се однесува на прехранбени производи кои „не биле значително присутни во исхраната на Европејците“ пред мај 1997 година. Според правилата на ЕУ, компанија која сака да пласира „нова храна“ на пазарот на ЕУ мора да поднесе барање за дозвола до Европската комисија, односно ЕФСА.

Во јануари минатата година министрите за земјоделство на Австрија, Италија и Франција пред Советот на ЕУ иницираа дебата за тоа дали Регулативата за нова храна треба да важи и за месото добиено во лабораториски услови, при тоа барајќи построга проценка на овие месни производи.

Според нив, ваквите иновации претставуваат закана за „вистинските методи на производство“ и ЕФСА мора да подготви насоки за проценка на месото добиено во лабораторија, слични на оние што се користат за нови лекови и фармацевтски производи.

Со иницијативата на тројцата министри, која беше поддржана и од нивните колеги од Грција, Кипар, Литванија, Луксембург, Малта, Романија, Словачка, Унгарија и Чешка, беше побарано од

Европската комисијата да започне „јавна консултација“ за месото добиено во лабораторија.

Унгарија, која од 1 јули е претседавач со Унијата, неодамна предложи дебата во Советот на ЕУ за „можното негативно влијание на новата храна врз кулинарските традиции на Европа“. Будимпешта во иницијативата истакнува дека месото и млекото од животни одгледани на фарми остануваат „камен-темелник на европската прехранбена култура“, нагласувајќи дека кај граѓаните постои „скептицизам кон новите видови храна“.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер