Фото: Ријана има нов имиџ

Светската музичка ѕвезда Ријана стана русокоса и изгледа неверојатно.

Неодамна Хари Стајлс ја избричи главата, Рајли Ко повеќе не е црвенокоса,само прашање на време беше кој ќе биде следниот преставвник од светскиот џоу бизнис со нов имиџ.

И тоа е Ријана.

Пејачката, бизнисменка и мајка на две деца во Лос Анџелес прошета во капут „Celine“ и фармерки „I/PROJECT“, заедно со нешто ново и светкаво – прамени во боја на мед на косата, кои допираа речиси до нејзината половина.

И додека повеќето луѓе бараат посвежи или потемни нијанси за есен и зима, Ријана отсекогаш го правела тоа на свој начин - поради што луѓето ја сакаат.

Барселона за првпат по заминувањето на Меси ќе игра во плејофот од Лигата на шампионите

Барселона за првпат по заминувањето на Лионел Меси стигна до нокаут фазата во фудбалската Лига на шампиони.

Избраниците на Чави синоќа го совладаа Порто (2:1) во 5. коло од групната фаза и си го загарантираа учеството во осминафиналето.

Последен пат Каталонците стигна до плејофот во сезоната 2020/21. Потоа во осминафиналето загубија од ПСЖ (1:4, 1:1).

После тоа, таа двапати го зазема третото место во групата и продолжија во Лига Европа.

Лионел Меси ја напушти Барселона летото 2021 година кога замина во Пари Сен-Жермен.

Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, уапсени шест лица, 3 од Македонија

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти денеска дека уапсило шест лица, од кои тројца државјани на Македонија и тројца од Косово, осомничени за фалсификување пари, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Во акција, спроведена од Обвинителството и Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција, запленети се над 85 илјади евра во монети од по две евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

- Во оваа акција запленети се кеси со по две евра во вредност од осумдесет и пет илјади и десет (85.010,00) евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Запленети се и четири автомобили кои ги користеле уапсените и седум мобилни телефони, се наведува во известувањето на Обвинителството.

Надлежен обвинител им одреди на приведените 48-часовен притвор.

ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции и подобар стандард.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на економијата, која мора да има брз раст, со цел државата брзо да напредува и да се развива, со што ќе се развиваат сите други сектори.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе најнизок данок на добивка во Европа, кој ќе биде скалест, и ќе биде мотив плус за домашните компании да се шират и растат. Имено според новата мерка компаниите кои ќе остварат добивка помеѓу 20 и 30 милиони евра ќе платат данок од 8%, компаниите кои ќе остварат добивка од 30 до 50 милиони евра ќе платат данок во висина од 6%, додека тие кои ќе имаат добивка поголема од 50 милиони евра ќе плаќаат данок на добивка од 5%.

Оваа мерка ќе биде мотив плус за македонските компании да вложуваат во својот раст со цел да стигнат во поповолната категорија за одданочување, но и силен сигнал за големите мултинационални компании своите седишта да ги отворат или преместат тука.

Оваа мерка ќе овозможи во Македонија да дојдат сериозни меѓународно етаблирани компании.

Фото: МИА архива

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер