Фото: Поради неа Грацијано Пеле постигнува голови!!

Италијанскиот напаѓач Грацијано Пеле на премиерата на ЕУРО 2016 за неговата селекција Италија, постигна гол со кој беше потврден триумфот над фаворитот Белгија од 2-0.

За неговиот погодок пишуваат сите медиуми, меѓутоа во јавноста многу се зборува и за неговата убава девојка Викторија Варга.

Тој е италијански фудбалер и репрезентативец, а таа е манекенка од Унгарија!

Викторија и Грацијано се запознале пред 4 години, на тој начин што познатиот фудбалер го истражувал Фејсбукот и наишол на профил на една убава манекенка.

Пеле истакнал дека не му било воопшто тешко да седне во авион и да одлета во Унгарија за во живо да ја види убавата манекенка. Многу брзо по првата средба започнува нивната љубовна врска која трае се до денес.

Инаку Викторија во моментов е во Франција и од трибините го гледа и бодри своето момче.

Трамп поднесе тужба против CBS

Само неколку дена пред изборите во вторникот, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп поднесе тужба против американската телевизија CBS, тврдејќи дека манипулирала со интервју со неговата демократска ривалка Камала Харис.

Трамп бара отштета од 10 милијарди долари и го поднесе случајот пред судот во Тексас, што се смета за пресметан потег за да се осигура дека случајот ќе му биде доделен на конзервативен судија.

Сепак, шансите за успех се сметаат за мали со оглед на првиот амандман на САД, кој нуди силна заштита на слободата на говорот.

Спорот избувна на почетокот на октомври поради интервјуто со Харис во популарната политичка програма „60 минути“, за време на кое таа беше испрашувана за Израел. CBS емитуваше два различни извадоци од нејзиниот одговор два последователни дена.

Ова доведе до тоа поддржувачите на Трамп да ја обвинат CBS дека намерно ја прикажува Харис во поповолно светло.

Адвокатите на Трамп потоа побараа објавување на целосниот транскрипт од интервјуто, што Си-Би-Ес го одби. Телевизијата ги отфрли обвинувањата за манипулација и изјави дека сегментирањето на делови од интервјуто е вообичаено за да одговара на временските ограничувања на програмата.

Средби на Ангеловска-Бежоска со Бериган и Андреоли

Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување кон СЕПА.

Напредува процесот на оценување на земјава за пристапување во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА). За таа цел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска одржа средби во Брисел со генералниот директор на Директорaтот за финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на пазарите на капитал при Европската комисија, Џон Бериган, како и со Џорџо Андреоли, генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, институцијата којашто ја носи конечната одлука за членството на земјите во СЕПА.

На средбите се зборуваше за барањето на земјава за членство во СЕПА, коешто беше официјално поднесено во јули оваа година, по обемната измена на законската и подзаконската регулатива во сферата на платежните услуги, банкарскиот систем и спречувањето перење пари, заради усогласување со европската правна рамка. Официјалното барање, на почетокот на октомври, беше дополнето и со најновите измени на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со што се оценува дека се направени сите неопходни измени на законската и подзконската правна рамка. Во моментов се оценува нашето барање. Имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на правната рамка, се очекува позитивна оцена со што нашата земја ќе може наскоро да пристапи во СЕПА. По добивањето позитивна оцена, деловните банки ќе треба оперативно да се приклучат кон европскиот платежен систем, за што е потребна претходна подготовка.

Членството во СЕПА е една од приоритетните активности поддржани со Планот за раст на Европската комисија од 2023 година, чијашто цел е забрзана економска интеграција на регионот во единствениот пазар на ЕУ. СЕПА ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, фирмите и целокупната економија, преку обезбедување побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА, поедноставување на процедурите, поголема транспарентност и засилена заштита на потрошувачите. Граѓаните ќе можат поевтино, побргу и поедноставно да примаат и да испраќаат парични средства во евра во земјите од СЕПА. Фирмите ќе можат полесно да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите од областа на СЕПА, да го прошират својот бизнис и да ја зголемат конкурентноста. Пристапувањето за нив подразбира и пониски надоместоци, како и подобрено управување со паричните текови, имајќи предвид дека трансферите на СЕПА вообичаено се обработуваат во рок од еден работен ден, а кај инстант плаќањата, преносот на паричните средства ќе се извршува за 10 секунди најмногу, во кое било време во текот на денот.

Народна банка на Република Македонија

Кина се подготвува за тајфунот Конгреј

Тајфунот Конгреј ослабе во текот на ноќта и стана тропска бура, а прогнозите покажуваат дека денеска ќе донесе обилни дождови и ветрови во Шангај и другите делови на источниот брег на Кина.

Оваа бура вчера како тајфун мина низ Тајван, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, и оштетување на патишта и домови.

Во Тајван синоќа од последици од тајфунот загинаа две лица, а повеќе од 500 беа повредени, пренесе Ројтерс.

Тајфунот Конгреј попладнево би можел да стигне до провинцијата Жеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар. Поради невремето, провинцијата Жеџијанг и соседниот Фуџијан прекинаа неколку фериботи.

притисни ентер