Овие квалитети биле пресудни за нивниот избор на листата на магазинот „Гламур“ на едни од најпосакуваните ергени на светот.
1. Леонардо Ди каприо(42 години).
Тој е еден од најуспешните актери во последните децении, кој не сака да се мажи.Леонардо Ди каприо зад себе има многу врски со разни убавици и манекенки од „Викторија Сикретс“. Но досега ниту една од нив не успеала да го однесе пред олтар.
2. Ронан Фароу (29 години).
Синот на славните актери Миа Фароу и Вуди Ален, Роман зад себе има импресивна кариера. Роман е успешен новинар, адвокат и поранешен советник на американската влада со дипломи од Оксфорд и Јеил.
Според јавноста Роман ги наследил убавината на мајка му и филантропскиот карактер.
3. Џек Дорси(40г.)
На третата позиција на листата на најпосакувани ергени е американскиот програмер и основач на социјалната мрежа Твитер, Џек Дорси. Прогласен е за еден од најдобрите млади иноватори на светот. Поради што и досега успеа да заработи огромни 3 милијарди долари.
4. Дру Хјустон (34г.)
Американскиот бизнисмен Дру Хјустон дипломирал информатика на престижниот МИТ универзитет. Тој е основач на „ Dropboksa“ онлајн платформата за чување на податоци. Магазинот „Форбс“ проценува дека богатството на младиот Хјустон во моментов изнесува околу 1,4 милијарди долари.
5. Брајан Чески (36г.)
Листата на петте најпосакувани ергени ја затвора основачот на платформата „ Airbnb“, 36- годишниот милијардер Брајан Чески. Неговата платформа на корисниците на интернет им овозможи едноставно изнајмување на станови секаде низ светот.
Годинава Брајан им се приклучи на група на милијардери собрани околу иницијативата „ The Giving Pledge", кои се обврзаа дека во текот на својот живот ќе донираат поголем дел од своите богатства.