Фото: „Најжешката“ хрватска навивачка позира во плитко!

Атрактивната инфлуенсерка Ивана Кнол позната и како најсексапилната хрватска навивачка отпатува на егзотичните Бахами. 

Иако одмара на примамливи плажи, таа не заборави на своите следбеници со кои контактираше преку Инстаграм да ги почести со „жешки“ фотографии.

Таа позираше во бикини, а нејзините бујни гради и задникот беа во прв план.

Ова се главните атрибути кои и ја донесоа титулата „огнена навивачка“.

95- годишен милионер го оставил целото богатство на својот град, но под еден услов

Милионерот Марселин Артур Шај, кој поголемиот дел од својот живот го поминал во француската општина Турет, целото свое богатство го остави во родниот град.

Милионерот Марселин Артур Шај, кој поголемиот дел од својот живот го поминал во француската општина Турет, целото свое богатство го остави во родниот град под услов да се искористи за изградба на центар за стари лица, кој ќе може да прими до 10 луѓе, а ќе биде завршен до 2026 година.

Севкупно, Марселин ѝ остави на општина Турет 2,5 милиони евра: 2.187.301 евра тековни сметки и 338.186 евра од полиси за животно осигурување.

По објавувањето на донацијата, градоначалникот Камил Буж даде изјава:

- Овој објект не смее да има намена за остварување профит, туку строго социјален. Можеме да се сметаме за среќни поради ова наследство и да изразиме благодарност, можеме да застанеме и да плескаме во спомен на покојниот господин Ше - пишува Дејли Меил.

Мештаните, наводно, биле трогнати од веста, бидејќи наследството на Марселино добро се вклопува со репутацијата што ја имал во градот. Многумина ја забележаа неговата добрина и дарежливост во текот на неговиот живот. Еден жител, Марк, рече дека не е изненаден од донацијата, опишувајќи го Марселино како некој кој „секогаш им помагал на другите“. Друга жителка, Ана, која долги години работела како негувателка, ја пофали идејата за посветен објект за нега на стари лица. „Долго време работам со стари лица и конечно, еве една добра идеја“, рече таа.

Градот што Марселин го нарекол дом пред неговата смрт се наоѓа во планински регион во внатрешноста на Азурниот брег на југот на Франција. Според France This Way, градот понекогаш се меша со Tourrettes-sur-Loup, село лоцирано во Прованса во друг дел од регионот.

Талибанците се пофалија дека излечиле 95 проценти од 4 милиони Авганистанци- наркомани

Заменик авганистанскиот министер за борба против наркотици Абдул Рахман Касеми изјави дека во Авганистан има околу четири милиони наркозависници, односно дека секој десетти во таа земја е зависник од дрога.

Касеми посочи дека поради еден наркоман, негативни последици трпат уште најмалку седум лица, главно членови на неговото семејство, пренесе РИА Новости.

Касеми, говорејќи во центарот за лекување наркомани „Агуш“ во Кабул, рече дека, според МВР, илјадници луѓе во Авганистан се лекуваат од зависност од дрога.

Касеми истакна дека за повеќе од три години откако талибанците се вратија на власт во Авганистан, повеќе од 100.000 зависници од дрога се лекуваат, а 95 отсто од нив биле излечени.

Според Касеми, одгледувањето дрога и трговијата со дрога во Авганистан се сведени на нула.

Вториот заменик министер за борба против дрогата Абдул Хак Хамкар изјави дека во центарот за рехабилитација „Агуш“ се лекуваат 5.000 наркозависници, на кои меѓу другото им е обезбедена и бесплатна настава по веронаука.

Рибари со чамец влетаа во торнадо, немаа каде да избегаат (ВИДЕО)

Драматична приказна е снимена во близина на брегот на Тексас, додека двајца рибари и нивното куче пловеле по море.

Тие уживале на бродот, а потоа небото се смрачи. Почна да врне, додека ветрот наеднаш се засили, пренесува Метро.

По некое време, невремето драстично се влошило. Тогаш Брајан Џонсон и неговиот пријател сфатиле дека се упатуваат директно кон торнадо. Немале друг избор освен да се прекрстат и да се надеваат на најдобро.

„Ако паднеш, одам по тебе“, се слуша на видеото кое кружи на социјалните мрежи.

Рибарите биле решени да останат во пловилото, додека ветерот го нишал лево-десно. Биле исплашени, целосно мокри, но некако преживеале.

По драматичното искуство, Брајан објаснил што се случило.

„Бевме на риболов и бевме фатени во торнадо. Поминавме низ него и преживеавме. Господ нѐ спаси“, рекол рибарот.

Националната метеоролошка служба потврдила дека торнадо ЕФ-3 подоцна го допрело автопатот 124 во округот Чемберс. Едно лице е повредено, а налетите на ветрот урнале столбови од електрична мрежа.

притисни ентер