Иако Дастер многумина го доживуваат како работно возило, а најголемата предност му се припишува на соодносот цена-квалитет, малкумина го доживуваат романскиот теренец како нашминкан автомобил. Барем додека не ги видат перформансите на германскиот тјунер „CarPoint“.
Основата е најверојатно верзијата „Extreme“, а во моментално најатрактивната верзија со 1.3 бензински мотор од 150 КС и погон на 4 тркала.
Сега името Дастер ја носи наставката „CarPoint Gelb Edition“, а лесно можете да го препознаете по светло жолтата боја, бројните додатоци и тркалата со дијаметар до 20 инчи.
Поставувањето пошироки гуми со низок профил нема да биде наиде на одобрување од оние кои планираат да се симнат од асфалтот, додека други ќе го поздрават фактот што романскиот теренец држи чекор со своите премиум ривали од западот, кои долго време беа тема на интерес од тјунер куќите.
Автомобилот е украсен и со дополнителни прагови, решетка со ново лого на брендот и специјална графика на калниците.
Во задниот дел доминира двоен издув, додека како опција се нуди и кука, како и дополнителен сет на бандажи со зимски гуми.
Промените во кабината се минимални, но тоа не значи дека понудата е оскудна. Напротив, навигацијата и автоматската климатска контрола се стандардни, како и греењето на предните седишта.
Позната е и цената. „CarPoint“ го нуди овој модел по цена од 33.990 евра, што изгледа како фер понуда со оглед на ексклузивноста.
Доколку сте авантурист, размислете за верзијата „Camouflage“ со шатор на покривот, која чини од 34.990 евра.