Мажите и жените од „Шарли Ебдо“ беа убиени поради она што го претставуваа - вредностите на Франција и Европа, слободата на изразување, демократијата, плурализмот, порача претседателката Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по повод 10-годишнината од терористичкиот напад во францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“.
- Да го почитуваме нивниот спомен. И да се бориме безмилосно против тероризмот и верскиот фундаментализам, додаде Фон дер Лајен во објава на Икс.
На денешен ден во 2015 година двајца исламистички терористи упаднаа во редакцијата на „Шарли Ебдо“ во Париз и убија 12 лица, поради објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед во весникот, што предизвика жестоки реакции и гнев во муслиманскиот свет,
Следните денови, цели на напади во Франција беа полициски службеник и супермаркет за кошер производи, со што вкупниот број на жртвите на исламистичките терористички акти достигна 17./МИА