Филипче: Вложивме огромни напори во изминатите две години проектот КБ Штип да го доведеме до крај

Во фикцијата на опозицијата така наречена „случај Рекет 3" – нема случај!

Партијата која носи предзнак на најголем криминал продолжува со старата практика – со создадени случаи да ги манипулира граѓаните.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство по институционален пат ги отфрли сите обвинувања во врска со паушално објавените наводи поврзани со реализацијата на проектот за изградба на КБ Штип – се по фактографска ретроспектива.

Во моментот кога стапив на функцијата министер за здравство, пред само две години, затекнав целосно застанат проект за изградба на болницата во Штип, затекнавме непотполн проект на кој што недостасува една цела фаза на електрика во машинството.

Во таа смисла, сакам да потенцирам дека дополнителните 7 милиони евра со кои опозицијата денеска по којзнае кој пат проба да создаде медиумски процес, и кои се предвидени за изградба на КБ Штип не се за зголемени трошоци, туку се неопходни заради имплементација на фаза на електрика во проектот за машинство. ВМРО-ДПМНЕ пушти во реализација проект без една од суштинските фази на секој објект, без кој што болницата не би можела да функционира! Користејќи ја нивната неспособност и пропусти сега сакаат да ја доведат целата јавност во заблуда!

Имено, во ваква затекната ситуација на објект кој е од јавен интерес за сите граѓани, продолжување со работите и завршување на објектот како функционална болница беше единствена опција.

Второ, сакам да потенцирам дека во ниту една јавна набавка, Министерството за Здравство нема никаков формалноправен однос со фирмите подизведувачи (во овој случај тоа е фирмата "Бетон" Штип). Следствено на тоа Министерството нема примено банкарска гаранција од подизведувачот Бетон Штип, туку банкарската гаранција е на име на фирмата изведувач на овој објект "Интракат". Од моментот на потпишување на договорот па се до денешен ден, постои валидна и активна банкарска гаранција која е на име на изведувачот "Интракат". Ова е ноторна лага која ја пласира ВМРО-ДПМНЕ.

Трето, долготрајните и строги процедури на кои што подлежи постапката за обезбедување на кредит од развојната Банка на Советот на Европа не дозволуваат отстапки во делот на Изведувачот – промена на Изведувачот и промена на банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите. Фирмата изведувач на КБ Штип е фирмата "Интракат" и истата од моментот на потпишување на договорот има депонирана валидна банкарска гаранција.

Уште еднаш, ја користам оваа прилика да ве известам дека сегашната Влада работи исклучиво во правец на решавање на длабоко проблематичните проекти започнати пред повеќе години.

Од друга страна, еден од нашите основни приоритети е подобрување и зајакнување на здравствениот систем преку создавање на подобри услови за лекување. На тоа работиме и има евидентни резултати – не статистички, туку реални! И токму поради тоа, вложивме огромни напори во изминатите две години проектот КБ Штип да го доведеме до крај. Тоа сите го заслужуваме, ние лекарите подобри услови за работа, а граѓаните соодветни услови за добивање медицински услуги во болниците, потенцираше министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер